Автомобил прегази група луѓе на пешачка зона во Германија (ВИДЕО)

Најмалку две лица загинаа, а околу десет се повредени кога автомобил удрил во нив во пешачка зона, во градот Трир во западна Германија, соопшти полицијата. Како што пренесува РТЛ, над местото на несреќата кружи хеликоптер, а училиштата во близина се заклучени и следат протокол за случај на можен терористички напад. Еден од очевидците рекол дека голем сив „Ренџ Ровер“ поминал низ пешачката зона со огромна брзина и дека луѓето ги „фрлал во воздух“. Полицајците ги предупредиле луѓето да го избегнуваат местото на несреќата. Локалните медиуми известуваат дека возачот е задржан во полиција, додавајќи дека деталите за инцидентот се нејасни, пренесе „Дејли мејл“.

Advertisement