Бериша: Демократската партија ќе победи, јас ќе бидам премиер на Албанија

Поранешниот албански претседател екс-премиер и историски лидер на Демократската партија, Сали Бериша нема намера да го преземе само раководењето на партија, туку и да биде и следниот премиер.

Тој јавно ја соопшти својата амбиција да се врати како премиер на Албанија по доставувањето на 4.200 потписи за одржување седница на Националното собрание на партијата.

Оваа историска иницијатива има за цел да го врати политичкиот плурализам во Албанија. Целиме на победа на Демократската партија и враќање на Сали Бериша за следен премиер на Албанија. Ќе го вратам владеењето на правото и ќе ја вратам земјата на патот на интеграцијата. Сето тоа со волјата на Албанците, рече Бериша.

Реагираше и на изјавата на американската амбасадорка Јуриј Ким, која на прашањето на Топ чанел за тоа какви би биле нејзините односи со ПД доколку лидерската функција би ја презел Бериша, рече дека „ниту таа ниту нејзините наследници не можат да пијат кафе со лице прогласено за нон грата од страна на американскот Стејт департмент”.

За да се затвори ова прашање, ја поканувам амбасадорката и секој друг што има барем еден доказ да го испрати до Судот во Париз. Изразувам големо задоволство што пријателите и истакнатите личности од американската политичка елита не се согласуваат и не ја прифаќаат изјавата дека има докази. Ми рекоа пријатели преку Атлантикот дека го виделе моето досие и оти тоа е празно, рече тој.

На прашањето што ќе биде со политичката судбина на Луљзим Баша доколку тој се врати на чело на партијата, која ја основа токму Бериша, категорично изјави дека „ПД не исклучува никого од своите редови”.

-Во текот на нејзината историја, луѓето ја напуштаа ПД, но заминуваа поради причини кои лично ги сметаа за оправдани. Луљзим Баша со сета страшна штета што и ја направи на ПД, иако е апсолутно заложник на својата вина и на ниеден друг демократ, јас повторно мислам дека тој самиот ќе го одреди своето место. Демократите ќе зборуваат за Луљзим Баша, посочи Бериша.

Тој меѓу другото го повика актуелниот премиер и лидер на Социјалистичката партија, Еди Рама, да се соочат на телевизиски дуел.

Advertisement