Бигорската и Рајчичката Обител и оваа година организира искачување на врвот Голем Крчин

Бигорската и Рајчичката Обител и оваа година со особена радост ве информираат, а воедно и покануваат, да бидете дел од веќе еден од најомилените настани, кој од година во година привлекува сѐ поголем број љубители на планините – искачување на врвот Голем Крчин.

Исто како и минатата година, наша цел е на врвот на Голем Крчин рано наутро да отслужиме Света Литургија и да се обидеме да ги видиме висините низ една друга перспектива.

Исто како и мината, така и оваа година, заради обезбедување на групата ќе биде присутна и Единица за спасување на планини и непристапни терени при Црвениот крст од Охрид. Меѓу другото, сите планинарски и алпинистички клубови кои ќе земат учество, доколку сакаат, можат да го помогнат настанот со тоа што ќе пријават и лиценцирани планинарски водичи, со официјално призната лиценца од МАИВПилиФПСМ. Координатор меѓу сите водичи ќе биде лице од манастирот.

Патеката е со средна тежина и трае околу 4 часа. Попатни кратки одмори на места каде што има извори со вода, од кои последниот е на средината од патеката, односно кај првата црква.

Пријавувањето за учество е задолжително. Токму затоа, ве молиме да го потврдите вашето присуство, како и бројот на членови и водичи кои ќе присуствуваат од вашиот клуб, кај сестра Ефимија (манастир Св. Георгиј Победоносец, Рајчица) на тел: 070 290 210

Време на собирање/поаѓање: 18 август 2019 (недела), 02:30 – 03:00 часот.Пристигнување на врвот во утринските часови.

Место: Пред поранешната караула во село Битуше, односно од пред скитот во изградба, посветен на Свв. Кирил и Методиј.

Враќање: Организирано поаѓање од врвот Голем Крчин веднаш после завршувањето на богослужбата. Ги замолуваме сите учесници да присуствуваат на заедничкиот манастирски ручек во Бигорскиот манастир, кој ќе биде послужен околу 13 ч.

НАПОМЕНА:

  1. Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
  2. Наведениот настан е организиран и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
  3. Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред почетокот на настанот, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната опрема за предвиденото патување.
  4. Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
  5. Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на настанот во зависност од временските услови и останатите технички препреки.
Advertisement