Бил Николов до Human Rights Watch: Замислете да сакаат да ве избришат, тоа се случува со Македонците

Лидерот на Македонското меѓународно движење за човекови (ММДЧП) Бил Николов поставува прашање на организацијата за човекови права Human Rights Watch со порака да ја разберат ситуацијата во која се наоѓаат Македонците.

“Замислете како би било ако сите особености на вашата етничка група се негираат, омаловажуваат, редефинираат – се за да се исполни целта на вашите угнетувачи за ваше целосно бришење. Замисливте? Така е да сте во кожата не Македонците, а целиот свет е соучесник” е барањето на Николов до Human Rights Watch.

ХРВ е една од најстарите и најмоќни глобални организации кои се борат за човекови права но во случајот со Македонците засега нема никаква нивна активност.

Advertisement