Биографија на Едмонд Темелко кандидат на МАЕИ за градоначалник на Пустец

Општинската организација Преспа на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на 01.05.2019 година одржа конвенција на која го утврди кандидатот за градоначалник на Општина Пустец, Мала Преспа да биде Едмонд Темелко за престојните локални избори во Албанија што ќе се одржат на 30 јуни 2019 година.

Општинската организација Преспа на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на конвенцијата донесе одлкуа партијата да излезе на избори самостална, и со свој кандидати за советници во Општина Пустец. МАЕИ освен во Општина Пустец со свои листи за советници ќе настапи во повеќе општини во Албанија каде што живее Македонско население.

Едмонд Темелко е роден на 07 јули 1972 година во сето Пустец, во Мала Преспа. Потекнува од македонско христијанско семејство чиј татко беше учител по македонски јазик. Едмонд Темелко е ветеринар по струка, градоначалник на Општината Пустец, бранител на македонската вистина и на правата и интересите на Македонците во Албанија, основното и средното образование го завршил во родното место, а дипломирал на Земјоделскиот факултет во Тирана, оддел ветеринарство.

Едмонд Темелко за првпат на функцијата градоначалник на Општина Пустец е избран 18 февруари 2007 година, а повторно реизбран на изборите во 2011 и 2015 година. На сите овие избори, речеси секогаш освојува 75 % од гласовите на излезените гласачи, што покажува колку голем авторитет и почит ужива тој помеѓу своите Македонци во Мала Преспа.

Селото Пустец, е најголемата населба со над пет илјади жители, а истовремено е и седиште на општината, чиј градоначалник и сите членови на советот се етнички Македонци. Интересно е да се спомене дека грбот на општината го содржи древниот македонски симбол, 16-зрачното сонце од Кутлеш  над кое стои двојазичен натпис на македонски јазик Општина Пустец, а под него и на албански јазик.

Моментално Едмонд Темелко извршува трет мандат а зад себе има многу успеси за унапредувањето на правата на Македонците и македонските интереси во Република Албанија. Имено, негова заслуга е, што за првпат во историјата на оваа соседна земја, со македонски јазик е обележана целокупната сообраќајна сигнализација, улиците, плоштадите, јавните установи и селата во Мала Преспа, со имиња на настани и личности кои оставиле белег во македонската историја. Во сиот тој напредок Едмонд Темелко има голем придонес.

Едмонд Темелко како градоначалник на Општина Пустец и во исто време како водач на Македонска алијанска за европска интеграција во Република Албанија постигнал завидни резултати. Така, меѓу другото, во последните години се случија безброј активности кои пред албанската јавност и светот го покренаа прашањето за положбата и правата на Македонците во цела Албанија.

Едмонд Темелко во 2009 година наследи партија со градоначалник и неколку советници Македонци во Општина Пустец. Денес Македонската партија имаше директор на Јавното водоводно претпријатие во Корча, во лицето на истакнатиот Македонец, Васил Стериовски. Благодарение на директорското место во Корча, вработени се неколку Македонци, што го зајакна влијанието на Македонската партија во регионот. Има и други раководители Македонци не само во Мала Преспа, туку и Голо Брдо и Гора,д се чувари на македонската култура, јазик, обичаи… Во повеќе населби во Голо Брдо и Гора Македонската партија има формира свои ограноци.

На последните локални избори Македонската партија убедливо ја освои власта во Општината Пустец, иако, за жал, под сомнителни околности за 20 гласа изгуби во општина Требиште, Голо Брдо. На последните локални избори Македонската партија за првпат доби советници надвор од Општина Пустец, и тоа 11 советници во пет општини:Пустец, Требиште, Пирг, Центар Билишта и во градот Билишта.

Треба да се одбележи дека, Македонската  партија за време на мандатот на Едмонд Темелко презеде локална телевизија во Корча, која за првпат јавно во етерот на Република Албанија емитува програми на македонски јазик. Исто така, благодарејќи на коалицијата на Македонска алијанска за европска интеграција Демократска партија во Република Албанија, Општина Пустец успеа да асфалтира неколку локални патишта кои ги поврзуваат селата со националниот пат. Во речиси сите села се инвестира во водоводи и канализации.

За првпат во историјата на Република Албанија, со сообраќајната сигнализација на македонски и албански јазик обележани се сите улици, плоштади, јавни установи и села во Мала Преспа, со настани и личности кои оставиле белег во македонската историја.

Општината Пустец традиционално почна да го организира Македонскиот фолклорен фестивал, да го празнува националниот празник Илинден, како и позначајни празници поврзани со историјата на македонскиот народ, 24 мај – Денот на сесловенските и семакедонските просветители светите браќа Кирил и Методиј, 8 септември – Денот на независноста на Македонија и други празници.

Инаку, Едмонд Темелко е еден од поборниците за реконструкцијата на централниот плоштад, а особено за изградбата на македонаката православна црква „Свети Архангел Михаил“,  која се наоѓа токму во центарот на Пустец, како и за бројни комунални и други изградби, за што посебно му благодари напатеното македонско населени во Пустец,  Мала Преспа и пошироко.