Богојавление Христово – Водици го одбележаа и Македонците во Албанија (ФОТО)

Православниот празник Богојавлние-Водици беше одбележан насекаде низ Албанија каде што живеат православните Македонци, Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник и во поголемите градови низ Албанија.

Македонците во Мала Преспа традиционално се собираат во селските цркви, и после литургијата, а според обичаите, со крстот украсен со босилок се упатуваат кон брегот на Преспанско Езеро каде се фрла крстот. Обичај е оној што ќе го фати крстот, во придружба на група, да ги посетува домаќинствата во населеното место, каде се даруваат со пари.

Во областа Голо Брдо крстот украсен со босилок и се фрлал во реките, продолжувајќи ги на тој начин традицијата и обичаите во областа Голо Брдо.

Advertisement