Богојавлние-Водици го прославија и Македонците во село Пасинки областа Голо Брдо (ФОТО)

Православниот празник Богојавлние-Водици беше прославен насекаде низ Албанија каде што живеат православните Македонци. Македонците традиционално во село Пасинки, областа Голо Брдо според обичаите, со крстот украсен со босилок. Меѓу Македонците во Албанија обичај е оној што ќе го фати крстот, во придружба на група, да ги посетуваат домаќинствата во населеното место, каде се даруваат со пари. Откако ќе ги обиколи сите куќи во секое македонско село се враќа во селската црквата, каде што останува до следната година.

Advertisement