Бос и во кратки панталони, вака организираше пречек Еди Рама (ФОТО)

Новинарот на престижната европска телевизиска мрежа „Euronews“, Џек Парок, објави фотографија заедно со албанскиот премиер Еди Рама, додека реализираше интервју со него во албанската владина вила во Дермија.

Но, надвор од интервјуто и дискутираните прашања, на новинарот му го привлече вниманието облеката на премиерот Рама. Во неговата порака, тој со следбениците споделува фотографија со Рама кој се појавува во облека која воопшто не е формална.

Токму тоа го натера познатиот новинар да му посвети статус на „Твитер“, а меѓу другото пишува дека Рама ги пречека „пријателите“ бос и во кратки панталони.

„Ова не беше вообичаено политичко интервју. Премиерот на Албанија нè прими во неговата летна резиденција, бос и во кратки панталони. Нашето интервју се фокусираше на потенцијалот на Албанија за започнување на разговорите за пристапување во ЕУ. Интервјуто ќе се емитува во Euronews во наредните денови “, пишува новинарот.

Advertisement