Брисел одобри план од 150 милијарди евра за зајакнување на одбранбените капацитети на ЕУ

На 27 мај, Европската Унија формално ја одобри својата програма од 150 милијарди евра за зголемување на трошоците за одбрана во блокот.

Таканаречената регулатива SAFE (Безбедносна акција за Европа) првпат беше предложена во март од страна на Европската комисија како одговор на повиците на земјите-членки за финансиска и политичка поддршка за исполнување на новите одбранбени цели промовирани од НАТО и за потенцијална интервенција во корист на Украина доколку САД го префрлат својот фокус на друго место.

Во конечната уредба во која имаше увид Радио Слободна Европа (РСЕ), јасно се наведува дека „заканите што ги претставуваат Русија и Белорусија се од особена итност и важност“ и мора брзо да се реагира.

Поради времето потребно за развој на одбранбени производи и зголемување на капацитетот за индустриско производство низ целата Европска Унија (ЕУ), регулативата исто така наведува дека ќе биде „од витално значење“ Унијата да започне со поддршка на земјите-членки „што е можно поскоро за да можат многу брзо да нарачуваат“ (воена опрема).

Брисел прво одговори на повиците на земјите-членки со активирање на клаузулата за национално ослободување од воени трошоци на ЕУ, што значи дека трошењето за предмети како што се оружје и муниција нема да се смета против механизмот за казнување на блокот за земјите што ги прекршуваат ограничувањата на ЕУ за трошење.

Ова создаде фискален маневар, но на земјите-членки им се потребни и пари што е можно поскоро.

Со оглед на тоа што неколку земји-членки беа заинтересирани за брз пристап до предложените средства, без потреба од едногласност или согласност од Европскиот парламент, амбасадорите на ЕУ го одобрија новиот закон на 21 мај, а само Унгарија се спротивстави.

Новата шема функционира на ист начин како и неодамнешната програма на ЕУ за закрепнување од пандемијата со ковид-19, која вредеше 800 милијарди евра./www.slobodnaevropa.mk