Британија на вонредни избори на 12 декември

 

Велика Британија ќе одржи избори на 12 декември, откако пратениците изгласаа поддршка за предлогот, по неколкумесечниот застој со брегзитот, објави Би-би-си. Со разлика од 438 наспрема 20 гласа, долниот дом на британскиот парламент го одобри предлог-законот, отворајќи го патот за првите декемвриски избори во земјата уште од 1923 година. Предлог-законот сè уште треба да биде одобрен од лордовите, но може да стане закон до крајот на неделава. Ако тоа се случи, ќе има петнеделна кампања до денот на гласањето.