Британија потона во рецесија

Британија потона во рецесија и бележи рекорден пад на бруто домашниот производ (БДП) во март.  Економијата на таа земја потона за шест отсто во март откако беше воведен карантинот во борбата со пандемијата на коронавирусот. Тоа е најголемиот економски пад на Британија во изминатите 30 години.

Британскиот БДП падна за два отсто во првиот квартал под влијание на мерките на веќе ионака кревката економија. Најголемата штета е направена во март кога поради блокадата на сообраќајот услужната индустрија падна за 6,2 отсто. Производството падна за 4,6 отсто, а градежништвото за 5,9 отсто.

Откако беа изгасени сите бизнис активности, освен најсуштинските, Британија почна сигурно да тоне во длабока рецесија. Банката на Англија очекува силно враќање во 2021 година по падот од 14 отсто оваа година, но многу аналитичари го сметаат тоа сценарио за претерано оптимистично.

Економијата не успеа да порасне ни во три од претходните четири квартали откако со месеци траеше политичката неизвесност околу брегзитот во земјата. Личното трошење падна за 1,7 отсто во првиот квартал, што е најголемиот пад во Британија од финансиската криза во 2008 година. Сепак, најлошото се очекува во следниот квартал, според аналитичарите, пред економијата да почне да заздравува.

Advertisement