Британската опозиција презеде контрола врз Парламентот

Борис Џонсон загуби со 328 гласа кои беа ЗА да се донесе новиот закон со кој ќе се бара одложување на рокот за излез на Велика Британија, со цел да се спречи Брегзит без договор, на 31 октомври. Против овој закон гласаа 301 пратеник.

Меѓу пратениците кои гласаа ЗА и против владата се и 20тина Ториевци кои му го свртеа грбот на Џонсон, а еден од нив премина во опозициската Унија на Либерални демократи. Никој од нив не подлегна на притисокот од премиерот, и неговите закани дека ако гласаат против него, ќе бидат исклучени од Конзерватината партија, и нема да имаат право да се кандидираат во иднина како конзервативци.

Веднаш по гласањето, Џонсон изјави дека нема да оди во Брисел и да моли за ново одложување, кое со предложениот закон го бара опозицијата, и најави дека иако не сака избори, сепак ќе ги распише ако утре се изгласа законот.

Лидерот на Лабуристите, му возврати дека законот ќе помине во парламентот пред да бидат одржани изборите. Со законот од опозицијата, ќе се бара одложување на Брегзит до 31 јануари 2020 година.

Advertisement