Бројката на загинати по земјотресот во Драч се искачи на 6 лица (Видео)

 

Земјотресот кој утринава пред 3:55 часот по полноќ со јачина од 6,4 степени по Рихтер и со епицентар во градот Драч во Албанија. Се стравува дека бројот би можел да биде и поголем бидејќи има оштетени, па и урнати станбени објекти. Поширокото подрачје на Драч, каде што беше епицентарот на земјотресот со магнитуда од 6,4 степени според Рихтер, е без струја, а жителите се надвор од своите домови. Земјотресот, покрај во Албанија и Македонија, го почувствуваа и граѓаните на Србија, на Црна Гора, на Косово, на БиХ, на Хрватска, на Бугарија и на Италија.

Advertisement