Бројот на заразени во светот со Covid-19 надмина 9 милиони

Глобално регистрираните случаи на коронавирус достигнаа 9 милиони доцна во неделата, додека светот продолжува да се бори за рестартирање на економијата со воспоставените пост-пандемски безбедносни мерки. Првиот случај беше пријавен во Кина на почетокот на јануари и до почетокот на мај бројот на заразени скокна на четири милиони. Но, беа потребни само месец и половина за бројката да достигне девет милиони случаи.

Глобалните смртни случаи достигнаа 468,756 починати лица. САД сè уште водат во светот со најголем број инфекции, 2,349,559 случаи или 25% од сите пријавени случаи и со 122,206 смртни случаи. Бројот на починати од коронавирус во Бразил се искачи на речиси 50,182, според Министерството за здравство, со што Бразил се искачи на второто место, додека 1,073,376 се заразени.

Advertisement