Брошуратa што работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН во средината на минатиот месец првпат ја отпечати на македонски јазик, сега е достапна и онлајн.
За нас тоа е од посебно значење бидејќи сега брошурата е достапна до многу поголем број заинтересирани лица.
Содржи информации за 28 малцинства во Европа, меѓу кои се наоѓаат и информации за Македонците во Република Албанија и Република Грција.
Ова е првпат официјален документ на унијата да е на македонски јазик, што, како што и претходно оценивме е историски настан за Македонците во Република Албанија, рече за Македонски весник “Илинден”, Никола Ѓурѓај претседател на македонското друштво ” Илинден”- Тирана.
Додава дека првото издание на германска јазик од брошурата излезе од печат во декември 2019 година, потоа на уште неколку јазици, а од минатиот месец и на македонски и неговото кирилично писмо.
Брошурата беше претставена во рамка на 26. семинар на работната група на словенските малцинства (АГСМ) што од 19 до 22 минатиот месец се одржа во Загреб, Хрватска.
Преводот на брошурата од германски на македонски јазик е на Лизбет Ѓурѓај, меѓународен координатор на МД „Илинден“ и Роберт Кленкоски, претседател на Централниот совет на Македонците во Германија.
Работната група на словенските малцинства (АГСМ) при (ФУЕН) ги реализира идејното решение, техничкото обликување и печатењето на брошурата.
Македонско друштвото „Илинден”- Тирана член е на ФУЕН од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства.