Бундестагот ги засилува бебзедносните мерки по упадот на Капитол

По упадот во зградата на Конгресот на САД, германските власти наредија зајакнување на заштитата на зградата на Рајхстагот во Берлин, јавија германските медиуми.

Покраинската полиција во Берлин нареди зголемување на присуството на силите околу зградата на Рајхстагот, рече претседателот на Бундестагот Волфганг Шојбле во писмото до пратениците, според Билд ам Зонтаг.

Со федералните власти и сојузната држава Берлин ќе процениме дали овие настани во Вашингтон имаат влијание врз безбедноста на Бундестагот, се вели во писмото што во четвртокот го испратил претседателот на германскиот Парламент до пратениците.

Во својата прва реакција на настаните во Вашингтон, германската канцеларка Ангела Меркел изрази страв дека овие немири можат да влијаат врз истомислениците ширум светот. Во август, десетици екстремни демонстранти се обидоа да упаднат во зградата на Рајхстагот, каде што заседава германскиот Бундестаг, за време на протестите на противниците на владините мерки против ширењето на пандемијата.

Advertisement