Албанија

Амбасада на Република Македонија во Тирана: Информации за ПОПИС 2021

КОГА ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРА ПОПИСОТ? Пописот на населението, домаќинствата и становите е редовна статистичка операција со која во редовни временски интервали (најчесто на десет години) се врши официјално пребројување на населението на територијата на земјата, од нејзините најмали географски територијални единици (за потребите на Пописот, т.н пописни кругови (ПК), до ниво на држава, заедно со дефинираните демографски, образовни, економски и социјални карактеристики на населението. Пописот на државјаните ...

Read More »

Рама: Албанија е подготвена да ја чека Македонија

Албанскиот премиерот Еди Рама денеска на прес-конференција во Брисел изјави дека идентитетските прашања не треба да бидат дел од дневната политика и дека Албанија е подготвена „да ја чека Македонија“ за да не се одвојат двете држави во процесот на интеграција, јави дописничката на МИА од Брисел. Еди Рама денеска во Брисел учествуваше на редовниот годишен Совет за стабилизација и ...

Read More »

Во Албанија вакцинирани над 11 илјади лица

Епидемиологот Силва Бино, член на Комитетот на експерти за справување со пандемијата, предупреди на можноста за воведување нови ограничувачки мерки во земјата по, како што ја оценува тешката недела, во која има 70 починати и 4.067 новозаразени со Ковид-19. Само ден откако Техничкиот комитет одлучи да не ги менува рестриктивните мерки, Бино од Кукс, каде почна вакцинацијата, рече дека викендот ...

Read More »

Заедницата на Црногорците во Албанија додели Благодарници по повод тригодишнината

Во рамките на 3-годишнината од основањето на Заедницата на Црногорците во Албанија (ЗЦГА) во Тирана претседателството на ова здружение организираше работен состанок. За време на оваа средба се дискутираше за програмата на активности за периодот 2021-2022 година и заради тешката состојба на Ковид-19 и неможноста да се организира активност за овој јубилеј беше одлучено да се доделат благодарници на некои ...

Read More »

Мета бара под итно Владата да ги рефундира средствата граѓаните кои се лекувале во домашни услови и нова анти-ковид стратегија

Претседателот Илир Мета побара од Владата да им ги рефундира средствата кои граѓаните ги потрошиле во текот на лекувањето од Ковид-19 во домашни услови и да обезбеди бесплатни лекови. Шефот на државата додава дека граѓаните повеќе не можат да бидат оставени на милост и немилост на судбината. Сведоштвата на пациентите заразени со Ковид-19 и нивните блиски покажуваат дека илјадници семејства ...

Read More »

Македонија и Албанија први земји од Конвенцијата за полициска соработка на ЈИЕ кои ќе пристапат кон размена на автоматизирани податоци

На 25.02.2021 делегација од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија составена од членови на Кабинетот на заменик министерот за внатрешни работи, помошник министерот на Одделот за ЕУ и меѓународна соработка, помошникот министерот за правни работи, судски постапки и управување со човечки ресурси, како и претставници од Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења и од Одделот за информатика и ...

Read More »

Албанија: Продолжува полицискиот час, локалите ќе затвораат во 18 часот

Здравствен одбор на експерти најверојатно ќе воведе нови, построги мерки, заради зголемениот број на нови случаи на коронавирус и се поголемиот број на хоспитализирани пациенти заболени од ковид-19. Се претпоставува дека ќе биде продолжен полицискиот час од 18 часот до 06 часот наутро, како и дека ќе биде забранета работата на баровите и кафулињата во тој период, освен оние кои извршуваат ...

Read More »

Демократската партија во коалиција се уште 13 партии ќе настапува на парламентарните избори

Албанската обединета опозиција на парламентарните избори ќе настапува под слоганот „Демокрарска партија- Алијанса за промени“. Договор за тоа е постигнат доцна синоќа кусо пред истекот на рокот за доставување барање за регистрација за учество на изборите на 25 април до Централната изборна комисија (ЦИК). Освен Демократската партија на Љуљзим Баша, во ова изборна коалиција се уште 13 партии, меѓу кои ...

Read More »

Нарко бос убиен во центарот на Тирана (ВИДЕО)

Утрово во центарот на Тирана е убиен 66-годишен маж, за кој медиумите наведуваат дека станува збор за  познат нарко бос. Тој бил застрелан со пригушувач на звук, а според АБЦ Албанија, тоа е Бехар Суло Софиа кој ѝ е добро познат на полицијата по своите криминални активности. Суло беше уапсен пред неколку години за шверц на десетици килограми дрога од ...

Read More »

Земјотрес во близина на Драч

Рано утринава во 3.50 минути регистирран е земјотрес со магнитуда од 3,5 степени во Јадранското море, односно на 24 километри оддалеченост од албанскиот град Драч. Земјотресот бил на длабочина од 2 километри.

Read More »