Култура

Објавен прв критички одглас за првиот роман за Блаже Конески

Објавен е првиот критички одлгас за првиот и досега единствен роман за Блаже Конески – „Излезе сејачот да сее“ од Паскал Гилевски, кој излезе од печат минатата година. Авторка на рецензијата за овој, најнов роман на Гилевски е универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска, која важи за исклучителен проучувач и почитувач на делото на Конески. – Романот „Излезе сејачот ...

Read More »

Објавена првата рецензија за најновиот роман на Венко Андоновски – критички одглас на Весна Мојсова-Чепишевска за „Папокот на светлината“

Објавена е првата рецензија за најновиот роман на Венко Андоновски, „Папокот на светлината“, кој за помалку од еден месец по промоцијата на првото, веќе доживеа второ издание. Критичкиот одглас за романот на Андоновски е на универзитетската професорка и книжевна критичарка, водечки познавач на современата македонска книжевност, Весна Мојсова-Чепишевска. „За да не нѐ доживува останатиот свет како книжевност која постојано преџвакува ...

Read More »

Ракописи стари 500 години од Институтот за македонски јазик со дигитализација се спасени од пожар и вода

Срцето на македонскиот идентитет – дијалектите, во дигитална форма стигнаа во 14 водоотпорни и огноотпорни куфери од Архивскиот дата центар „Инбокс“ (Inbox) до Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, зачувани се и на безбедно место во наредните 500 години години. Благодарение на проектот за дигитализација на картотеките на Институтот, документите веќе нема да се чуваат во кутии и во плакари. ...

Read More »

За првпат по 1991 година објавена книга со превод на македонска поезија за деца на словенечки јазик

За првпат по 1991 година е објавена книга со превод на македонска поезија за деца на словенечки јазик. Деновиве, во Љубљана излезе од печат двојазичната книга „Смешна случка во зоолошка градина – Smešnica v živalskem vrtu“ со песни од македонски автори, со која преку креативни работилници, македонската литература за деца ќе биде присутна во градинките и основните училишта ширум Словенија. Меѓународниот семинар ...

Read More »

Разговор со Венко Андоновски: Најтешко е да се пишува за деца

Додека Венко Андоновски го довршуваше „Папокот на светлината“, романот кој е порта кон нов продуховен свет и е своевидно продолжение на култниот „Папокот на светот“, во издание на „Паблишер“ веќе беше објавен неговиот прв роман за тинејџери – „Имаш пчела на носот“. Роман со многу автобиографски моменти од детството и младоста на најтиражниот македонски писател, кои уште повеќе ни ја ...

Read More »

Во чест на 70-годишнината од раѓањето на Горан Стефановски беше осветлен и украсен околу неговиот споменик во Дебар Маало

Во чест на 70-годишнината од раѓањето на Горан Стефановски вечерва беше осветлен и украсен делот околу неговиот споменик во Дебар Маало. На настанот пригодна реч одржа амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, како и македонскиот книжевник Иван Антоновски. Ги украсивме елките околу клупата на која седи Горан за да нѐ осветли неговата „искра што се измолкнува“. За да нѐ потсети дека ...

Read More »

Есеистиката на Горан Стефановски ги обедини македонистите и јужнославистите од Љубљана, Загреб и Скопје

Есеистиката на Горан Стефановски ги обедини македонистите и јужнославистите од Љубљана, Загреб и Скопје. На настанот којшто денес, по повод 70 години од раѓањето на Стефановски, хибридно – со физичко и виртуелно присуство се одржа на Одделот за славистика при Филозофскиот факултет на Универзитетот во Љубљана, покрај словенечките студенти се приклучија и студенти од Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб ...

Read More »

Успешен настап на младата пијанистка Мазнејкова во Тирана

Во организација на Македонскиот културно-информативен центар во Тирана, настапи млада пијанистка Ивана Мазнејкова, која го отвори фестивалот „Магична флејта“ во Тирана. Таа, пред многубројната публика се претстави со три дела од композиторот Сезар Франк. Како што информираат од Македонскиот културно-информативен центар во Тирана, нејзиниот настап беше бравурозен, нежен и мајсторски, иако има само 16 години, на што публиката возврати со многу емоции. Директорот ...

Read More »

Филмот за Бигорскиот манастир „1000 години сведок на светлината“ со три номинации на фестивалот „Byzanfest“

Јубилејниот филм за Бигорскиот манастир „1000 години сведок на светлината“ е со три номинации во три категории на православниот фестивал за филмска уметност „Byzanfest“. Со особена радост ја примивме веста дека во рамките на православниот фестивал за филмска уметност „Byzanfest“, јубилејниот филм за Бигорскиот манастир „1000 години сведок на светлината“ беше номиниран во три категории: најдобар документарен филм, најдобар кинематографер ...

Read More »