Македонското друштво “Илинден“-Тирана достави барање до Комитетот за национални малцинства на Албанија, да постави повеќејазична табла пред оваа институција, вклучително и на македонски јазик и неговото кирилско писмо. Во барањето доставено до претседателката на Комитетот за национални малцинства, Константина Бежани, бараме таблата пред институцијата да биде повеќејазична, односно освен на албански и англиски името на институцијата да биде и на ...
Read More »Македонци
Пораката од „Искра што се измолкнува“ од Горан Стефановски во превод од македонски на албански јазик (ВИДЕО)
Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во рамки на добрата соработка со македонското друштво “Илинден“-Тирана, преку видео-запис ја пренесуваат пораката од неговиот последен есеј „Искра што се измолкнува“ од Горан Стефановски, во превод од македонски на албански јазик. Пораката ја пренесуваат Сабина и Сара Џелили, членки на македонското друштво “Илинден“-Тирана. ...
Read More »Македонските ДЕМОКРАТИ со честитка за 14 – годишнината основањето на Македонското друштво “Илинден”-Тирана
Политичката партија ДЕМОКРАТИ испрати честика до Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод 14-годишнината од неговото основање, за што искрено се заблагодаруваме. Особена чест нѝ претставува фактот што во нашите комуникации со раководството и членството на Политичката партија ДЕМОКРАТИ секогаш се истакнува важноста на постигнувањата на Македонците вон матичната македонска држава, а особено во Република Албанија. Таквото признание, но и безрезервната помош која ја ...
Read More »Македонското меѓународно движење за човекови права ја поддршува одбраната на центарот за македoнски јазик во грција
По неговото регистрирање, Центарот за македонски јазик во Грција, лоциран во Лерин, се соочи со бројни тужби поднесени со цел да се поништи неговата регистрација. До денес, вкупно девет тужби се поднесени од разни организации, политички партии и, пред се, од јавниот обвинител на Лерин. Овие анти-македонски постапки се прават со цел да продолжи потиснувањето на правата на Македонците во ...
Read More »Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ од Благоевград ќе поднесе жалба по одбивањето да се регистрира здружението
Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ извести дека им била одбиена регистрација откако на 7 февруари до Агенцијата за регистрација во Благоевград ги доставиле основните документи на истоименото здружение. „Ова одбивање ќе го обжалиме пред судот“, се вели во пораката дистрибуирана до медиумите и потпишана од Атанас Мазнев. „Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ – Благоевград“ беше отворен по приватна иницијатива на ...
Read More »Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со Љупчо Јаневски, Директор на Агенцијата за Промоција и Поддршка на Туризмот на Македонија
Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај денeска во Агенцијата за Промоција и Поддршка на Туризмот на Македонија оствари средба со д-р Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за Промоција и Поддршка на Туризмот на Македонија. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, ја информираше д-р Љупчо Јаневски за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, ...
Read More »Центарот за македонски јазик во Грција достави официјално барање за изучување на македонскиот јазик во регионите со македонско население во Грција
Центарот за македонски јазик во Грција достави официјално барање до грчкиот министер за образование Ники Керамеос за воведување настава на македонски јазик. Бараат да се воведе македонскиот стандарден јазик како изборен предмет во основните и средните училишта во областите на северна Грција. Велат дека тие се регистрирана организација во Грција чија основна цел е зачувување и негување на македонскиот јазик ...
Read More »Европската слободна алијанса бара почитување на човековите права на македонските политички затвореници
Претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права, Бил Николов се сретна со претседателката на Европската Слободна Алијанса (ЕФА) Лорена Лопез де Лакал и со советникот за односи со јавноста Пол Бучер на 26 јануари 2023 година, да разговара за сериозните прашања со кои се соочени Македонците, вклучително за ужасните затворски услови во кои се држат политичките затвореници во Република ...
Read More »Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана додели Награда “Илинден” и Благодарница “Илинден” по повод четринаесетгодишнината
Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден” По повод четринаесетгодишнината од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа Одлука за доделување на Благодарници “Илинден” и Награда “Илинден”. Благодарниците и наградата се доделуваат на лица за нивните особени заслуги за ангажман и перманентните активноси во насока на ...
Read More »Македонско друштво “Илинден”-Тирана одбележува 14 години од формирањето и успешната активност за заштита на македонскиот идентитет
Оваа година се навршуваат четринаесет години од 6 февруари 2009 година -денот на формирањето на Македонското друштво “Илинден”-Тирана. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана, со цел заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, на Македонците во Република Албанија. Македонското друштво “Илинден”-Тирана, за периодот од четринаесет години оствари безброј средби со ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden