Проф. Мирче Стојноски за дејноста на бугарските емисари сред Македонците во Албанија

Проф. Мирче Стојаноски е роден на 07. 08. 1952 година во с. Нерези, струшко. После завршувањето на основното и средното образование, проф. Мирче Стојноски се запишал и завршил студии по англиски јазик на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

Негувањето на мајчиниот македонски јазик не му пречело активно да ги зборува и англиски и албански јазик. Работел како професор по англиски јазик во ОУ ”Браќа Миладиновци “ – Струга, а како професор на ученици од различни етност, не ги делел луѓето ниту по национална, ниту по религиозна основа.

Негов интерес, уште од млади години била историјата, особено историјата на македонскиот народ. Учејќи за различните настани, личности и судбини осознал бројни начини за да им помага на оние кои имале потреба од помош. Така, користејќи ја блискоста на селата во Албанија населени со Македонци кои биле катдневно атакувани од бугарски емисари за да се пишат Бугари, почнал да реагира и сред Македонците , но и јавно.

Така, во весникот „Нова Македонија“ од 19 октомври 1996 година го среќаваме неговиот текст под наслов „Кој ќе ги заштити Македонците во Албанија?“ Повод за неговата реакција, како што пишува самиот, бил текстот објавен под наслов: „Активностите н бугарската пропаганда меѓу Македонците во областите Мала Преспа и Голо Брдо – Република Албанија“.

Во реакцијата на проф. Мирче Стојаноски, покрај тоа што се актуелизираат неколку мошне значајни прашања за Македонците во Албанија, се сугерираат и некои решенија во насока на подобрувањена животот на македонското население во Албанија, како и начини за нивно полесно комуницирање со матичната држава. За заинтересираните читатели, обкавената реакција на проф. Стојаноски, ја даваме во факсимил.

Секако, бројни се неговите активности и на други полиња, но нашиот интерес го предизвика ова негово реагирање. Починал на 15 ноември 2020 година во родното Нерези, струшко, каде се наоѓа и неговото вечно почивалиште.

Advertisement