Македонци

Проф. д-р Вита Блаже Која, Македонка од Голо Брдо – борец за правата на Македонците во Албанија

Вита Блаже Која е родена на 19. 09.1957 година во селото Ѓинеец, Голо Брдо. Денес живее во Тирана и работи како универзитетски професор на Економскиот факултет во Тирана. Со оглед на нејзината посветеност, проф. д-р Која не пропушта ниту еден слободен момент за истражување и пишување за трудовиповрзани со македонската култура. Општо познато е дека таа е еден од ревносните ...

Read More »

ОМО “Илинден”-Пирин до Радев: Не сме сепаратисти доста со клевети и лаги за Македонците во Бугарија

Не можеме, а да не реагираме на неодговорните изјави на претседателот на Бугарија Румен Радев за наводните „сепаристичките ставови и претенциозните тврдења за малцинство од личности кои се сретнале со претседателот Стево Пендаровски“, се вели во реакцијата на ОМО “Илинден”-Пирин на денешната изјава на Радев по средбата на македонскиот претседател Стево Пендаровски со претставници на повеќе организации на Македонците од Бугарија. Oд средбата на ...

Read More »

150 години од раѓањето на Смиле Војданов

Под исклучително ниски температури и со почитување на мерките за претпазливост од ковид-19, денес на градските гробишта Пери Маунт Парк во градот Понтијак во сојузната држава Мичиген со пригодна свеченост беше одбележан јубилејот 150 години од раѓањето на илинденскиот војвода, член на Македонската револуционерна организација и долгогодишен деец во македонското национално движење во татковината и во иселеништвото – Смиле Војданов. ...

Read More »

Стерјовски: Градоначалниците на Тирана, Драч и Елбасан подготвени за поддршка на македонската заедница

Градоначалниците на Тирана, Елбасан и Драч одговорија на барањето на Васил Стерјовски, упатено до нив како тогашен пратеник во албанскиот Парламент во кој искажуваат подготовеност за поддршка на македонската заедница во нивните општини. „Како пратеник во албанското Собрание, после локалните избори што се одржаа на 30 јуни 2019 година, побарав од градоначалниците на Тирана, Елбасан и Драч поголема грижа за ...

Read More »

Совет на Европа: Бугарија не ги почитува правата на малцинствата

Бугарија не постигнала значителен напредок во главните области што го загрижуваат Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), вклучително корупцијата на високо ниво, слобода на медиумите, правата на малцинствата, говорот на омраза и насилство против жените, се наведува во извештајот на известувачот на ПССЕ, Микаел Аструп Јенсен за исполнувањето на обврските на земјите под мониторинг, преземени со членството во Советот ...

Read More »

Македонија да не се откажува од Македонското малцинството во Бугарија и да бара реципроцитет од Софија

На 28 јануари делегација составена од 8 претставници на една партија и 4 организации кои се застапуваат за правата на бугарските државјани со македонска свест и самоопределба, македонското малцинство во Бугарија се сретнаа со претседателот на Македонија, Стево Пендаровски. На средбата тие му ја дадоа својата заедничка писмена позиција и му изложија серија проблеми со кои се соочуваат тие, заедно ...

Read More »

Македонското меѓународно движење за човекови права ги повикува европратениците да побараат да се стави крај на анти Македонските политики на ЕУ и НАТО

Многу европски политичари ја осудија Бугарија поради нејзините се поголеми барања насочени против Македонија, и во нив гледаат кршење на најосновните човекови права на Македонците. Бугарија бара Македонија да си ја измени својата историја и да продолжи да го редефинира македонскиот национален идентитет – а ова го условува со блокада на македонското членство во ЕУ. Воедно, Бугарија продолжува да го ...

Read More »

Општина Драгаш интензивно го расчистува снегот екипите на терен

Општинската служба за одржување на патиштата во координација со потпретседателот на општина Драгаш Ресул Фетаху и директорот на јавната администрација Ветим Рамадани во касните вечерни часови, почна со  отстарнување на снегот во Општина Драгаш, областа Гора. Како што изјави за порталот Горапрес потпреседателот на општината Ресул Фетаху, покрај работниците од Општината Драгаш кои се сезонски ангажирани за одржување на локалните ...

Read More »

Директорот на проектот „Силни општини“ Норберт Пијлс во посета на Општина Пустец

Директорот на проектот „Силни општини“ Норберт Пијлс оствари средба со Градоначалникот на Општина Пустец, Пали Коефски. За време на посетата нашироко беше разговарано со градоначалникот и општинскиот совет за досегашниот придонес и интервенциите на проектот во подобрување и зајакнување на локалната власт. На средбата, многу отворено, се разговараше за можни активности кои би помогнала за надминување на проблемите на Македонците ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо бара да се форимираат општина Голо Брдо и Гора помина осум години од териториалната поделба и нема просперитет за Голо Брдо и Гора

После осум години од реформата на територијалната организација на локалната самоуправа, областите Голо Брдо и Гора каде што живеат Македонци, останаа неразвиени, а услугите од државната администрација и локалната самоуправа отежнати. Во 2014 година Владата бројот на општините од 385 го намали на 61, иако опозицијата тогаш бараше нивниот број да изнесува најмалку 80! Во 2014 година Владата ги укина ...

Read More »