Македонци

Почина Јанко Томов Македнски активист во Австралија

На 11 февруари 2022 година  во Бризбеин, Австралија почина Македонецот Јанко Томов, кој беше познат и признат во македонската заедница на петтиот континент. Тој  беше посветен на македонските прашања и македонската кауза.. Живееше во Австралија, а со својте пишани дела беше бранител на Македонија и македонска вистина. Јанко Томов беше роден во Струмица, на 4 мај 1938 година, а во ...

Read More »

ОМО “Илинден”- Пирин му одговори на европратеникот Ковачев

Набљудуваме природна ескалација на неприродниот процес кој Бугарија ѝ го наметна на Македонија, а македонските влади спротивно од секој разум и достоинство го прифатија. Откако се поставија барања Бугарија да биде ослободена од вина за судбината на македонските евреи, да не биде нарекувана окупаторска, а ниту фашистичка за својата улога како фашистички окупатор во Втората светска војна, логично во ова ...

Read More »

Македонскиот амбасадор во Тирана Данчо Марковски во посета на албанското Собрание

Македонскиот амбасадор во Тирана Данчо Марковски денеска беше во посета на албанскиот законодавен дом, каде оствари средби со првите луѓе на две парламентарни комисии. Имено, тој  оствари одвоени средби со претседателката на комисијата за европски интеграции, Jорида Табаку и претседателката на комисијата за надворешни работи, Мими Кодели. Разговорите беа искористени за меѓусебно информирање околу новиот пристап и воспоставениот позитивен дијалог ...

Read More »

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Огранок Голо Брдо, Фатри Фетаху оствари средба со Македонскиот амбасадор, Данчо Марковски

Претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“-Огранок Голо Брдо, Фатри Фетаху во македонската амбасада во Тирана остврави работна средба со амбасадорот Данчо Марковски. На средбата Фетаху го информирал амбасадорот за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија. На средбата го информирав амбасадорот за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија. При тоа го актуелизирав ...

Read More »

Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски се сретна со Комесарот за заштита од дискриминација Роберт Гајда 

Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски оствари работна средба со Комесарот за заштита од дискриминација Роберт Гајда во просторите на Комесарот за заштита од дискриминација Комесарот Гајда го информираше Македонскиот амбасадорот Марковски за активностите на Комесарот за заштита од дискриминација за заштита на човековите права и борбата против дискриминацијата, особено со фокус на национаните малцинството во Албанија.

Read More »

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана додели Награда “Илинден” и Благодарница “Илинден” по повод тринаесетгодишнината

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден” По повод тринаесетгодишнината од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа Одлука за доделување на Благодарници “Илинден” и Награда “Илинден”. Благодарниците и наградата се доделуваат на лица за нивните особени заслуги за ангажман и перманентните активноси во насока на ...

Read More »

Делегација на Македонска алијанса за европска интеграција во посета на Општина Прилеп

Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски и Потпреседателот  и администраторот на административната единица Требиште, областа Голо Брдо, Едмонд Османи на 05.02. 2022 година во просторите на Општина Прилеп оствари средба со Градоначалник на Општина Прилеп Борче Јовчески. На средба се размениа некои идеи, се разговара за идни проекти, како и за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија.

Read More »

Преставници на Македонско друштво “Илинден”-Тирана на свечено отворење на “Тирана – европска младинска престолнина“ за 2022 

Општина Тирана официјално ги отвори активностите за “Тирана – европска младинска престолнина“ за 2022,  на специјална церемонија со стотина млади кои ќе бидат дел од настаните на „Тирана европска младинска престолнина 2022“ беше претставена програмата и иновациите, присутни беа градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај и евроамбасадорот Луиџи Сорека. Извршната директорка на Националниот младински конгрес, Дафина Пеци, на отворањето на овој настан ...

Read More »

Македонците во Бугарија му оддадоа почит на Македонскиот револуционер Гоце Делчев во Благоевград

По повод 150 годишнината од раѓањето на Македонскиот револуционер и апостол на Македонското револуционерно движење Гоце Делчев, Мкедонците од Бугарија одадоа почит положувајќи свежо свеќе на неговиот споменик на плоштадот „Македонија“ во Благоевград, Пиринска Македонија. Претставници на Обединетата македонска организација „Илинден“, како и на Културно-просветното и спортско друштво „Светилник“, чиј претседател е македонскиот активист Атанас Кирјаков, му се поклонија на ...

Read More »

Партија на турско малцинство во Западна Тракија во посета на припадниците на македонското малцинство во Егејска Македонија

На 3 февруари 2022 година, претседателот на Првата и единствена политичка партија на муслиманското турско малцинство во Западна Тракија, Чигдем Асафоглу се сретна со претставниците на македонското малцинство Евгенија Нацулиду и Архимандритот Никодим Царкњас, основачите на „Крсте Мисирков“ на „Движењето за промоција на македонскиот мајчин јазик“, кое делува на македонското малцинство во областа Воден. На средбата, која ја одржаа во пријателска атмосфера, се ...

Read More »