Македонци

Реакција на Мкедонска алијанса за европска интеграција во врска со прекинот на електричната енергија во општина Пустец

Мкедонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) реагира во врска со прекинот на електричната енергија во општина Пустец. Според партијата, поради невремето и снежните врнежи кои наврнаа деновиве, областа Преспа, општина Пустец е во мрак веќе четири дена. Недостигот на електрична енергија го отежна секојдневниот живот на жителите од македонската заедница во општина Пустец. Вработените во Операторот за дистрибуција на електрична енергија ...

Read More »

Единаесетта годишнина на македонскиот весник “Илинден”

Пред точно единаесет години, на 1. март 2011 година како двоброј (март/април) беше испечатен првиот број од македонскиот весник “Илинден“ како гласило на македонското друштво “Илинден“- Тирана. Изминативе единаесет години, весникот предизвика голем интерес кај македонската читателска публика во Република Албанија, во татковината Македонија како и меѓу македонската дијаспора во светот. Според бројните дописи кои пристигнуваат на електронската адреса на ...

Read More »

MMДЧП пред Европскиот суд за човекови права почнува постапки за ослободување на македонските политички затвореници

Македонското меѓународно движење за човекови права покрена неколку процеси пред Европскиот Суд за Човекови Права, конкретнo со цел: да се обезбеди итно ослободување на македонските политички затвореници уапсени од режимот на СДС/ДУИ во Мaкедонија; да се понуди итна медицинска помош која досега режимот им ја ускрати на неколкумина од политичките затвореници кои имаат итна медицинска потреба; да се повика на ...

Read More »

Министерот за надворешни работи Бујар Османи се сретна со Македонците во Албанија 

Во разговорот беа разгледани повеќе прашања поврзани со натамошното унапредување на нивниот статус во албанското општество, како и за начините како двете држави, во рамките на својата соработка, можат да го помогнат овој процес. Детално беше разговарано за потребата од натамошно поврзување и продлабочување на соработката, особено од аспект на културната, образовната и економската сфера. Во оваа насока беше истакнато ...

Read More »

Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски во работна посета на РИКО

Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски, денеска оствари работна средба во седиштето на меѓународната регионална организација, РИКО (RYCО), информираа од амбасадата. Средбата со генералниот секретар Алберт Хани, претставник од Македонија, и одговорните лица за проектите, искористена за непосредно информирање со активностите со коишто се промовира духот на соработка и заедништво меѓу младите во регионот на Западен Балкан, стои во објавата ...

Read More »

Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски се сретна со чешкиот амбасадор 

Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски, денеска оствари работна средба со новиот амбасадор на Чешката Република, во Албанија, Карел Урбан, информираа од амбасадата. -На средбата разменети се мислења за состојбите во регионот и перспективите на земјите од Западен Балкан. Амбасадорот Марковски го информираше чешкиот колега за новиот пристап во разговорите на Македонија со Бугарија, во светло на постепено градење доверба ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден“-Тирана го честиташе Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, Македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка до припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија, како и до сите Македонци ширум светот. Честитајќи ви го денешниот ден, сакаме да го истакнеме знаењето и негувањето на мајчиниот македонски јазик за децата од македонското национално малцинство во Република Албанија. Негувањето на мајчиниот ...

Read More »

Кристо Темелко (Врбник, 1915 – Тирана, 1990) поборник за македонскиот јазик во Албанија

Роден е на 18 април 1915 година во село Врбник, син на Јани и Донес, генерал, член на основачкото собрание на К.П.А. Во пролетта 1937 година бил избран да раководи со огранокот на Скадарската групација во Тирана, заедно со Ќемал Стафа и Васил Шанто. Тој беше осуден на една година за неправилност против државниот и економскиот поредок на 10 февруари ...

Read More »

Атанас Кирјаков од ОМО “Илинден“: Како заедничка историја да го славиме 9 и 10 август, Денот на автономијата во Пиринска Македонија

Бугарија и Македонија заедно да го слават како заедничка историја 9 и 10 август 1946 година – воведувањето на Културна автономија во Пиринска Македонија, предлага македонскиот активист, Атана Кирјаков од Благоевград (Горна Џумаја). Овој предлог од Македонците во Бугарија доаѓа по инсистирањата на официјална Софија за заедничка историја со Македонија. Во духот на добрососедството и разбирањето, а по повод зачестените ...

Read More »

Македонците во Албанија против антимакедонската кампања на Бугарија

Бугарија преку својата амбасада во Тирана подолг период презема повеќе антимакедонски активности, се со цел македонското малцинство да го прикаже како бугарско, велат претставници на македонското малцинство во Албанија. Според партијата на Македонците во Албанија и македонските здруженија, антимакедонските активности посебно се нагласени во последно време преку давање бугарски пасоши, стипендии, па и парични средства на етнички Македонци. Македонците во ...

Read More »