Македонци

Наскоро ќе се формира Мешовита меѓувладина комисија помеѓу Србија и Македонија за малцинства

На пролет ќе се формира Мешовита меѓувладина комисија помеѓу Србија и Македонија за малцинствата. На иницијатива на нашата земја, по средбата на преставници на Македонската амбасада во Белград со министерката за човекови и малцински права и социјален дијалог, Гордана Чомиќ, решено е Србија и Македонија да отпочнат со процедурата за формирање Мешовита меѓувладина комисија помеѓу Србија и Македонија за заштита ...

Read More »

Стерјовски побара од албанската Влада да го реализира барањето на Македонците од Мала Преспа за граничниот премин кај Церје

Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во албанскиот парламент, Васил Стерјовски, на денешната пленарна седница во својата дискусија ја акцентираше потребата од отворање на граничниот премин Церје, на албанко – грчката граница. Тој при тоа рече дека Европската унија му дава посебна важност на регионот Преспа, кој се протега на териториите на три земји, Албанија, Македонија и Грција ...

Read More »

Македонците во Албанија го прославија празникот Св. Атанасиј Велики (ФОТО)

Македонците во Пустец, Мала Преспа, го одбележаа празникот Св. Атанасиј Велики, на голем број семејства овој ден им е домашна слава. Во црквата, која се наоѓа во село Пустец, утринската свечена богослужба ја отслужи свештенкот Алексо Темелко. Со Македонците беше и Васил Стерјовски, лидер на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и пратеник во албанскиот парламент. Редовно сум тука со моите ...

Read More »

Стерјовски оствари средба со Амбасадорот на Македонија во Тирана Марковски

  Васил Стерјовски, пратеник во Собранието на Албанија и претседател на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ во Амбасада на Република Македонија во Тирана оствари работна средба со Амбасадорот, Данчо Марковски. На амбасадорот Марковски му изразив честитки за превземањето на функцијата амбасадор на Република Македонија во Република Албанија и му посакав успех во високата дипломатска должност. На средбата се разговара за ...

Read More »

Македонско друштво „Илинден“-Тирана: За фолклорниот фестивал на Македонците нема пари од албанското министерство за култура

Македонско друштво „Илинден“-Тирана изразува незадоволство од одлуката на Министерството за култура на Албанија финансиски да не го поддржува одржувањето на „Фолклорниот фестивал на македонското малцинство во Албанија“. Длабоко сме разочари и револтирани што Министертвото за култура на Албанија, не го прифати проектот „Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Албанија“ предложен од наша страна. Од име на Македонците остро реагираме за ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара да се форимираат општина Голо Брдо и Гора помина седум години од териториалната поделба и нема просперитет за регионите Голо Брдо и Гора

После седум години од реформата на територијалната организација на локалната самоуправа, областите Голо Брдо и Гора каде што живеат Македонци, останаа неразвиени, а услугите од државната администрација и локалната самоуправа отежнати. За еден извод се патува два часа, а снабдувањето со храна и лекови и натаму тешко се остварува. Во 2014 година Владата бројот на општините од 385 го намали ...

Read More »

Стерјовски ја пренесе загриженоста на македонската заедница од Голо Брдо и потребата за 24 часовна работа на преминот Џепиште-Требиште

Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, на денешната пленарна седница на албанскиот парламент, ја изнесе загриженоста на македонската заедница од областа Голо Брдо во врска со работата на граничнот премин Требиште – Џепиште. Во име на партијата, Македонска алијанса за европска интеграција ја пренесувам загриженоста што ја покренаа жителите на македонската заедница од областа Голо Брдо на ...

Read More »