Мало Острени (Малестрени) Голо Брдо доби целосно реконструиран здравствен објект 

Македонците од село Мало Острени (Малестрени) Голо Брдо админстративната единица, Острени, област Голо Брдо, добија целосно реконтруиран здравствен центар, со целосно потребната апаратура и кадар.

Во рамки на владиниот проект „Реконструкција на 300 здравствени центри“ извршена е целосна реконструкција и проширување на досегашната здравствена амбуланта. Тука секако и фактот што за здравјето на жителите се грижат медицински сестри. Сетрите кои се жителки на Мало Острени (Малестрени), се на служба на жителите и вон работното време, доколку за тоа има потреба.

Лефтер Ала, градоначалник на Булќиза, каде територијално припаѓа оваа административна едница денеска беа во посета на амбулантата.

Благодарение на средствата издвоени од Владата овој здравствен центар е целосно реконструиран, правиме напори да се зголеми бројот на здратсвените работници. Сето тоа секако во насока на заштитата на здравјето на жителите, кои сега добиваат поквалитетни здравствени услуги, рече Ала. За време на престојот во Мало Острени (Малестрени) тој се сретна и со дел од жителите.