Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) со честитка по повод Илинден

Честитка по повод националниот празник 2 Август – Илинден упати единствената македонска партија во
Република Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ). Македонска алијанса за европска интеграција на сите Македонци каде и да се им го честита големиот национален празник Денот на
државноста на Македонија – Илинден.

Прославувајќи ги двата Илиндена, 1903 и Првото заседание на АСНОМ од 1944, со гордост се поклонуваме на нашите претци кои ги положија своите животи за слободата на Македонија. Нека е честит и вековит македонскиот национален празник – Илинден, стои во честитката. Се додава дека денес е денот кога се присетуваме и ги славиме идеалите на илјадници македонски дејци, револуционери и борци за слободна и независна држава.

Илинден е длабоко втемелен во кодот на Македонците каде и да се низ светот, силно вкоренет во традицијата, а во колективната меморија важи за симбол на непокор на голем број херои кои се жртвуваа за
слобода, се наведува во честитката потпишана од Васил Стерјовски, лидер на партијата и пратеник во албанскиот парламент.

Advertisement