Македонци

Македонско друштво “Илинден”-Тирана е вознемирена за влошеното здравје на Едмонд Темелко и бара ослобудување

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо е вознемирена за влошеното здравје на Едмонд Темелко, гадоначалник на општина Пустец и претседател на Македонска Алијанса за Европска Интеграција (МАЕИ) во Албанија. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо бараат итно ослободување и апелира до македонските институции итно да ги преземат сите потребни чекори за да помогнат да ...

Read More »

Обединетата македонска дијаспора изразува загриженoст за влошеното здравје на борецот за човекови права на Македонците, Едмонд Темелко

  Обединетата македонска дијаспора (ОМД) е сериозно вознемирена од веста за влошеното здравје на Едмонд Темелко, градоначалник на Пустец, град во Албанија близу границата со Македонија, кој во 2010 година ја доби Наградата за човекови права на ОМД. ОМД им испраќа најискрени желби за брзо оздравување на Темелко и на неговото семејство. За време на неговиот градоначалнички мандат, Темелко се ...

Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Притворот на Едмонд Темелко е политичка тортура и газење на човековите права (ВИДЕО)

  Единствениот Македонец кој е градоначалник надвор од границите на државава, веќе два месеци се наоѓа во притвор. Против него беше покренат конструиран случај, а подоцна и беше приведуван незаконски, насилно со брутално кршење на законите пред очите на неговото семејство. Едмонд Темелко, кој важи за најголем борец за човековите права на Македонците во Албанија, остана трн во око на ...

Read More »

Македонците од Албанија во Канада го одржа својот годишен банкет Св. Архангел Михаил

Во чест на големиот верски празник Свети Архангел Михаил, кој е заштитник на Македонците од Мала Преспа, друштвото “Мала Преспа“ од Канада викендов што измина го одржа својот годишен банкет. Присуствуваа бројни гости од Канада и САД, кои со оркестарот “Бисер“ славеа до утринските часови. На настанот присуствуваа високи претставници на македонските православни црковни општини и македонските организации во Канада. ...

Read More »

Македонска Алијанса за Европска Интеграција (МАЕИ) бара ослободување на Едмонд Темелко

Едмонд Темелко кој е во Истражниот затвор “Скопје“, се наоѓа во крајно сериозна здравствена состојба. Роднините на Едмонд Темелко, не информираа дека не му е дозволено да користи здравствена заштита што е спротивно на сите универзални права. Иако до македонските судовии беа доставени и соодветни лекарски докази, тие одбиваат да му овозможат користење на потребната здравствена нега. Македонска Алијанса за ...

Read More »

Обединета Македонска Дијаспора: Повик за Македонско Национално Единство

Ова се историски моменти од нашето опстојување. Секојдневно сме сведоци на надворешни, a најразочарувачко и внатрешни обиди за уништување на вековниот македонски идентитет. Самобитноста ни е загрозена од тие кои што се задолжени од народот за одбрана на Македонија и нејзиниот национален интерес. Прво, Владата на Република Македонија и Парламентарниот состав, а со последниот акт и од Синодот на МПЦ, ...

Read More »

Македонците во Пиринска Македонија се декларирале како Македонци во 1957 година

Македонците во Бугарија, претежно живее во Пиринска Македонија, во југозападниот дел на денешната Република Бугарија. Во определени периоди постоело и иселување од политички и економски причини, од другите делови на македонската регија. Иселувањето се одвивало во неколку поголеми бранови: средниот век, во Ренесансата, по ослободувањето на Бугарија од турската власт, по Илинденското востание, по Балканските Војни и Првата светска војна. Македонската емиграција во Бугарија e најголема македонска емиграција во светот, со огромен ...

Read More »

Во Прилеп се одржа трибина ,,Македонците во Албанија, искуства и предизвици‘‘ (ВИДЕО)

Македонците во Албанија се наоѓаат под засилена бугарска пропаганда, а македонската држава само немо набљудува и не превзема никави чекори. Ова беа главните тврдења кои се изнесоа на денешната научна трибина „Македонците во Албанија, искуства и предизвици“, која се организираше во Прилеп. Организатор на беше ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп. Во октомври албанскиот парламент изгласа закон со кој ...

Read More »

СМК – Канада упатува јавна покана до сите македонски организации во Канада

Светскиот Македонски Конгрес – Канада упатува јавна покана до сите македонски организации, патриотски здруженија и друштва во Канада за итен координативен семакедонски состанок за актуелната политичка состојба во Македонија после бројните предавства во татковината. Координативниот семакедонски состанок ќе се одржи на 19-ти ноември (недела) во Соборниот храм на Мкедонската Православна Црква “Свeти Климент Охридски“ во Торонто, со почеток во 11.00 ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара Бугарија да престане Македонците во Албанија да ги именува како Бугари

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ја осудуваат бугарската агресивна политика кон Македонците во Албанија во обидите за нивна асимилација, давајќи им бугарски државјанства и ветувајќи им образование на бугарски јазик. И покрај законот за националните малцинства во којшто Тирана го впиша непостоечкото “бугарско малцинство“ во Албанија, под закана на Софија со вето врз преговорите на Албанија за ...

Read More »