“Св. Архангел Гаврил” од Сиднеј донирале 320.000 австралиски долари за помош на 120 болни лица и деца во Македонија

Претседателката на хуманитарната асоцијација “Св Архангел Гаврил” од Сиднеј ,Татјана Неделкоска вели дека чувството да се помогне некому во неволја е прекрасно и додава дека мотото на членовите е “Сакај го ближниот свој како себе си “. Нејзиниот сопруг, Влатко Неделкоски, благајник на асоцијацијата, вели дека за 7 години, од основањето до сега, хуманите луѓе од македонската заедница од Сиднеј со донирани 320,000 австралиски долари им помогнале на 120 болни лица и деца во Македонија. Асоцијацијата во 2014-та година беше добитник на специјалната повелба од претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, за чување и промовирање на македонскиот јазик, историските, културните и духовните традиции и вредности во светот како и придонес во односите меѓу Австралија и Република Македонија.

Advertisement