На средбата беше истакнато дека преговорите со Грција треба да се прекинат ако 137 од 193 земји или 71% од земјите-членки на ОН, ја признаа Република Македонија со уставното име. Може ли правото на самоопределување и самоназначување да биде повредено од ветото на една земја, без да бидат засегнати интересите на другите земји? Интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ не може да биде услов за промена на името. Ова е неприфатливо бидејќи е против законот. Според меѓународното право и правото на македонскиот народ, како конститутивен народ на Република Македонија, самоопределувањето, единственото е прифатливо решение, бидејќи е разумно, соопштија од македонската дијаспора во Франција.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
