Македонија

Вознесението Христово – Спасовден украс на сите празници

Верниците денеска на 13 јуни го прославуваат Спасовден, празник кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Духови и секогаш е во четврток. Четириесет дена по Воскресението, Спасителот го остварува она што го вети од почетокот. Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината. Оттогаш Христос седи од десната страна на ...

Read More »

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова, оствари средба со претставници на македонската дијаспора во Германија (ФОТО)

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова оцени дека припадниците на македонската дијаспора во Германија, како наша најбројна иселеничка заедница во Европа, имаат посебно важна улога, и посочи дека се мост којшто дополнително ги јакне добрите билатерални односи меѓу двете држави. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на работната посета на Берлин по повод учеството на Конференцијата за обнова на Украина, ...

Read More »

Носиите обединуваат каде што државните граници – разделуваат

Македонските народни носии се еден вид историја во мало, не само на македонската култура туку и на македонскиот народ и неговите типични идентитетски исконски карактеристики И денес, во неколку етнички предели во Македонија сѐ уште се сретнуваат жени што ја носат својата носија, во редуцирана форма, но тие се и последни доследни чувари на македонската традиција. Во Музејот на македонската ...

Read More »

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска – Давкова оствари средба со генералната секретарка на Советот на Европа, Пејчиновиќ Буриќ, на маргините на Конференцијата за обнова на Украина во Берлин

Двете соговорнички разменија мислења и за европската перспектива на регионот, како и за нашиот значаен придонес во обезбедувањето на мирот и стабилноста на Европа. Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова оствари средба со генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, на маргините на Конференцијата за обнова на Украина, што се одржува во Берлин. На средбата беше разговарно за плодната ...

Read More »

Претседателката Сиљановска Давкова се обрати на главниот панел на Конференцијата за обнова на Украина во Берлин

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова денеска во Берлин, во рамки на учеството на Конференцијата за обнова на Украина се обрати на главниот панел за шефови на држави и влади на кои говореа и домаќините на конференцијата, германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски. На главниот панел присуствуваа и претседателите и премиери од Холандија, Норвешка, Финска, Литванија, Молдавија, ...

Read More »

Свечена канонизација на светите Спасе Вевчански и Спаса Вишенска (ФОТО)

„Спасителови чеда со души девствени и на Црквата украси достојни сте зашто секоја лага ја разобличивте со подвиг и вера огнена, Спасе сечесен и Спасо со чисто срце, постанавте жители на Рајот и за нас брзи застапници“ (тропар на светите Спасе Вевчански и Спаса Вишенска). Црквата како жив организам чија глава е Самиот Христос секогаш ги препознава светилата во светот, ...

Read More »

Величествено воведување на Светите Спасо и Спаса во Диптихот на Светиите

Вчера, на 8 јуни 2024 година, светата Црква Божја забележа уште еден вонреден и благодатен настан – почеток на впишувањето на Светата Спаса Вишенска во Диптихот на Светиите. Оваа возвишена свеченост најнапред започна со архиерејска вечерна богослужба во храмот „Свети Атанасиј Велики“ во живописното струшко село Вишни. На празничната богослужба претстоеше нашиот возљубен Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, кој со ...

Read More »

Делегација на Државниот aрхив на Македонија во Тирана по повод 75 години од формирањето на Државните архиви на Албанија

Директорот на Државниот aрхив на Република Македонија, м-р Христа Најданов, заменик-директорот д-р Музафер Бислими и државниот советник за средување и обработка на архивски материјал, доц. д-р Аднан Шериф, присуствуваа на настан по повод 75-годишнината од формирањето на Главната дирекција на Државните архиви на Република Албанија во Тирана. На маргините на официјалниот настан се одржа средба на директорот, м-р Христа Најданов, ...

Read More »

Началникот на Генералштабот на Армијата на Македонија генерал-потполковник Ѓурчиновски учествуваше на 17. конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Драч

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, денес учествуваше на 17. конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји (Форум „Б-9“), која се одржува во Драч, Република Албанија. На годинашната конференција се дискутираше за тематската содржина: „Ангажман на младите во одбранбената безбедност: промовирање на вклучување на младите во одбранбени и безбедносни прашања, поттикнување на иновации и ...

Read More »

Архимандритот г. Доситеј од Свети Јован Крстител – Бигорскиот манастир на големата прослава на споменот на Свети Јован Владимир во Елбасан (ФОТО+ВИДЕО)

Понеделник и вторник, на 3 и 4 јуни, во мирното село Шијон, близу Елбасан, Албанија, православни свештенослужители и верници од неколку земји, Албанија, Македонија, Србија, Црна Гора, се собраа во голем број, за да ја одбележат празничната слава во Светата Обител посветена на Светиот бчаговерен кнез – маченик Јован Владимир. Како претставник на Свештената Бигорска Обител на празничното бдение и на ...

Read More »