Македонија

Николоски: Македонците во Албанија се под напад на бугарската пропаганда, но тие биле и ќе останат Македонци (ВИДЕО)

При денешната посета на општина Битола потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на Мала Преспа и сведоците Македонци што во Мала Преспа се бунат дека Бугарите прават асимилација, уште во 90-тите години се правела асимилација но денес сведоци Македонци велат дека денес бргу ги прифаќаат бугарските уцени, односно пасоши, државјанства за да ја напуштат Албанија ...

Read More »

Македонија: Силно невреме со пороен дожд и град попладнево го погоди Скопје (ВИДЕО)

Невреме проследено со пороен дожд, град, грмотевици и ветер попладнево зафати делови од Скопје. Силниот дожд и градот го отежнуваат движењето по улиците чии коловози се под вода. Дел од медиумите пренесуваат за пријавени штети на станбени објекти како и на урбаната инфраструктура. УХМР најави дека нестабилното време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе се задржи до петок, ...

Read More »

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија го поздрави признавањето на афтокефалноста од страна на Руската Православна Црква

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница одржана денеска ја поздрави одлуката на Руската Православна за признавање на афтокефалноста на МПЦ-ОА. Светиот Синод со голема радост и благодарност ја прими веста за прифаќањето на автокефалниот статус на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од страна на Руската Православна Црква ...

Read More »

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски заедно со потпретседателот, Николоски оствари средба со пратеникот во германскиот Бундестаг, Феликс Шрајнер од ЦДУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски оствари средба со пратеникот во германскиот Бундестаг, Феликс Шрајнер од ЦДУ која е сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на ЕПП. Исто така Феликс Шрајнер е претседател на Комитетот за економија и одржлив развој на германскиот Бундестаг. На средбата стана збор за економската и енергетска криза ...

Read More »

Ковачевски: Македонците во Албанија треба слободно да се изјаснат на пописот и да не подлегнуваат на притисоци (ВИДЕО)

Македонците во Албанија не треба да чувствуваат притисок и слободно треба да се изразат на претстојниот попис во земјата, смета премиерот Димитар Ковачевски, нагласувајќи дека е сигурен дека Албанија ќе спроведе попис по европски стандарди и дека ќе реагира доколку има притисоци и влијаниа врз македонското малцинство. Што се однесува до Македонците во Албанија, тоа е етаблирана заедница која има ...

Read More »

Православните христијани денеска го слават Успение на Пресвета Богородица

Православната црква денеска го празнува земниот крај на Пресвета Богородица и нејзината смрт ја нарекува „Успение“ – раскошен термин кој во себе ги соединува сонот, блаженството, мирот, спокојството и радоста. Самиот лик на Богомајката објавува бескрајно спасение, сострадалност, грижа и доверба, сила и смирение, чистота и убавина, љубов и победа на љубовта. Небозрачната светлина со која сјае нејзиниот лик го ...

Read More »

ЦИА во своите документи го забележува постоењето на македонското малцинство

Документите се особено значајни ако се земат предвид последните активности на бугарската држава, која се обидува да го негира постоењето на македонското малцинство, како во Бугарија така и во околните балкански држави. Споменатите документи го докажуваат постоењето на македонскиот народ надвор од матичната држава, но и ги разобличуваат бугарските апсурдни активности Од декласифицираните информации на архивата на американската разузнавачка служба ...

Read More »

Министерот за Надворешни работи Османи утре во посета на Македонското национално малцинство во Албанија

Тврдењата дека македонците во Албанија се принудувани да се попишат како Бугари, лично ќе ги испитува Османи. Вели дека веќе комуницирал со нив и во текот на утрешниот ден ќе ги посети општините каде живее македонското малцинство. Од она што ќе го слушне ќе зависи дали ќе биде побарана помош од официјална Тирана. „Се договоривме утре, Јас да ги посетам ...

Read More »

Демократски сојуз: Владата да им помогне на Македонците во Албанија

Демократскиот сојуз бара Владата да им помогне на Македонците во Голо Брдо, Мала Преспа и другите населби и села во Албанија во одбраната на својот идентитет од притисокот на Бугарија. Ова прашање е од врвен национален интерес и затоа сугерираме почести посети на министри, но и стопанственици, се со цел да им се помогне околу инфраструктурата, образованието, здравствената заштита и ...

Read More »

Руската православна црква ја призна автокефалноста на Македонската православна црква – Охридската архиепископија

На 25 август 2022 година, за време на состанокот на Светиот синод на Руската православна црква, беше слушната пораката на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил за доделувањето од страна на Српската православна црква на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридската архиепископија, се вели во соопштението на Руската православна црква кое го пренесуваме во продолжение: Синодот ...

Read More »