Македонија

Претседателот Пендаровски со Зеф Мази, главен преговарач на Албанија со Европската Унија

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски денеска го прими Зеф Мази, главен преговарач на Република Албанија со Европската Унија. На средбата беа разменети мислења и информации за перспективите за скорешно одржување на меѓувладината конференција за двете држави и формалниот почеток на пристапните преговори на Република Македонија и на Република Албанија со Европската Унија. Претседателот Пендаровски оцени дека посетата е добра ...

Read More »

Џорџ Робертсон ја повика Бугарија да го укине ветото за Македонија

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон за време на неговото учество на конференцијата Евроатлантскиот Клуб во Софија побара од бугарските власти да ја укинат блокадата на Македонија кон Еевропската Унија. Претседателот на Евроатлантскиот клуб и поранешен министер за надворешни работи на Бугарија, Соломон Паси, го поддржа повикот на Роберсон и ја нарече Македонија – „нашиот многу добар сосед и ...

Read More »

Честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод празникот Рамазан Бајрам

Дозволете во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија од муслиманска вероисповед да им го честитам празникoт Рамазан Бајрам. Нека празничните мигови Ви поминат во спокој и радост, со најискрени желби за добро здравје и просперитет на секој од вас и вашите семејства. Ова време на предизвици, сиромаштија и заеднички проблеми можеме да ...

Read More »

Унгарија донираше 6.000 вакцини за Граничната полиција во Македонија

Пристигнаа 6.000 вакцини за имунизација на Граничната полиција при македонското Министерство за внатрешни работи како донација од Унгарија. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на граничниот премин Меѓународен аеродром „Скопје“ ја пречекаа делегацијата предводена од министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто, кој им ја предаде донацијата како пријателски ...

Read More »

Мицкоски – Сијарто, благодарност за поддршката од Унгарија кон Македонија (ВИДЕО)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски заедно со Потпретседателите на партијата Александар Николоски и Владо Мисајловски, денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Унгарија, Петер Сијарто. Во текот на средбата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи на Република Унгарија Петер Сијарто, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја изрази големата благодарност за помошта која ...

Read More »

Силен земјотрес вечерва ја стресе Грција почуствуван и во Македонија

Силен земјотрес со магнитуда од 5.2 степени според рихтер вечерва околу 23 часот и 31 минута ја стресе Грција. Земјотресот според сервисот ЕМСЦ, бил на 14 југозападно од Костур, Грција. Ова подрачје во последниот период често е погодено од земјотреси кои се чувствуваат и во јужните делови на Македонија.

Read More »

Претседателот на Македонија, Пендаровски оствари средба со претседателката на Грузија Зурабишвили

Денеска во рамки на официјалната посета на претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили на Република Македонија, претседателот Пендаровски и претседателката Зурабишвили остварија тет-а-тет средба, а се одржа и пленарен состанок на официјалните делегации. Во фокусот на разговорите беа билатералните односи меѓу Македонија и Грузија и начините за нивно унапредување, ЕУ и НАТО интеграциите, регионалните прашања, како и пандемијата на Ковид-19. Во ...

Read More »

Македонија го номинираше Охридско Езеро и Студенчишко Блато како трето и најголемо Рамсар место во државата

Со впишувањето на Охридско Езеро и Студенчишко Блато во Светска Рамсар листа, нашата држава, по Преспанското и Дојранското Езеро го доби третото и најголемо водно живеалиште од меѓународно значење, заведено под бр.2449. Подрачјето е прифатено согласно сите 9 критериуми на Рамсарска Конвенција и е со вкупна површина од 25 205 хектари. Со него ќе се управува од страна на трите ...

Read More »

Пасхална радост на Струшката еордија (ФОТО)

Пасхалните торжества во полн сјај сѐ уште траат и ги радуваат срцата на православните верници од земјава. Ете и оваа година, иако под засилени мерки за заштита од коронавирусот, Струшката еордија ги восхити побожните Стружани, кои оддавајќи им почит на големите светињи – моштите на Светиот Георгиј Победоносец, неговата чудотворна икона, како и Крнинскиот образ на Мајката Божја, стоеја на ...

Read More »

Светскиот Македонски Конгрес и Сојузот на Македонците со исламска религија го честитаат 6. Мај – Денот на Македонско-Горанската заедница на Косово

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) и Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР) го честитаат 6. Мај – Денот на Македонско-Горанската заедница на Косово. СМК и СМИР посакуваат унапредување на положбата и правата на припадниците на Македонско-Горанската заедница на Косово, како етнички Македонци. СМК и СМИР очекуваат Владата на Косово да ја поддржи Македонско-Горанската заедница на Косово во целосната интеграција на ...

Read More »