Македонија

Земјотрес од 5 степени со епицентар кај Мавровското Езеро

Земјотресот што утринава во 4.54 минути се почувствува на територијата на целата држава бил со јачина од 5 степени по Рихтереовата скала. Според обновените податоци на Американската владина агенција за геолошки истражувања  епицентарот бил на 8 километри југозападно од Вруток, Гостиварско, поточно кај Мавровското Езеро. Нема информации за евентуална штета.

Read More »

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 39 нови стипендии за учебната 2020/21

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ тринаесетта година по ред, доделува стипендии на студенти на Фармацевтскиот и Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Согласно објавениот јавен конкурс, изборот на стипендистите за учебната 2020/2021 година е усвоен од страна на Управниот одбор на Фондацијата, по предложената прелиминарна листа од Kомисиите за распределба на стипендии во чиј состав членуваа претставници од ...

Read More »

10 тони помош за Македонија од Обединетите Арапски Емирати

На скопскиот аеродром слета авион со 10 тони хуманитарна помош од Обединетите Арапски Емирати за борбата против пандемијата предизвикана од коронавирусот. Македонија доби речиси 1.500 пакети медицинска опрема за заштита на медицинскиот персонал. Вредноста на помошта е повеќе од 1,5 милиони евра. Помошта е во рамките на програмата на Емират еид (ЕMIRATES AID – COVID19 GLOBAL RESPONSE) под покровителство на ...

Read More »

Македонија, Албанија и Србија потпишаа Меморандум за соработка во услови на ковид-19

Премиерот Зоран Заев заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Албанија и на Србија, Еди Рама и Ана Брнабиќ во присуство на министрите за здравство одржаа координативен состанок, по што потпишаа Меморандум за соработка за регулирање на односите меѓу државите во услови на ковид-19 криза. Граѓаните на Македонија, Србија и Албанија ќе ги минуваат границите и без ...

Read More »

Академик Коцарев: Во Европа достојно, не по секоја цена, апсурдно е барањето Македонците да се откажат од користењето на името

Бугарија веќе ги постави трите услови кои Македонија треба да ги вклучи во преговарачката рамка, а тоа се:  добрососедските односи да бидат критериум за членство на Македонија во ЕУ, да се користи официјалното уставно име на државата, а не краткото, и формулацијата за јазикот наместо „македонски јазик“ да биде „официјален јазик“ на земјата-кандидат. Во текот на викендот, бугарскиот вицепремиер и ...

Read More »

ВМРО-ДПМНЕ со сестрински партии ќе работи за напредок на регионот

Под покровителство на германската Фондација „Конрад Аденауер“ во Скопје се одржа конференцијта „Конзервативните народни партии градат мостови кон заедничка европска иднина“, на која се обрати и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „За нас ова претставува посебен момент бидејќи, освен нас, освен коалицијата ‘Алијанса за Албанците и Алтернатива’, тука се и претставници од нашата сестринска партија од Албанија, Демократската партија, што ...

Read More »

Првиот македонски контингент мировници во КФОР замина кон Косово

Првиот македонски контингент со 44 припадници на Армијата денеска од касарната „Кузман Јосифовски – Питу“ во Тетово, заминаа кон Косово. Тие шест месеци ќе работат како штабни офицери во главната команда на КФОР во Приштина и ќе ја обезбедуваат регионалната команда на КФОР Запад, информира Министерството за одбрана. Со учеството во мисијата КФОР на Косово, додаваат, дека Македонија го зазема ...

Read More »

Промовирана книгата „Епископ Партениј, Игумен Бигорски, 25 години монах и свештенослужител“

  На голема радост на нашата монашка заедница, деновиве од печат излезе новото книжевно издание на Свештената Бигорска Обител, подготвувано изминатава година: „Епископ Партениј, 25 години монах и свештенослужител“. Денеска, пак, во големата сала за свечености, во присуство на монасите, на монахињите од Рајчица и Кнежино и на затекнатите верници, се одржа промоцијата на истото. Согласно наложените услови поради рапидното ...

Read More »

Бронзен медал и пофалница освоија македонските средношколци на Балканската олимпијада по физика

Во конкуренција на 48 натпреварувачи од 11 земји (Македонија, Босна и Херцеговина, Грција, Кипар, Молдавија, Романија, Словенија, Србија, Турција, Туркменистан и Црна Гора), средношколецот од Пробиштип Драго Јакимовски освои бронзен медал, а Мајкл Георгиевски доби награда за успешно учество (пофалница) на Втората Балканска олимпијада по физика, организирана од Балканската унија на физичарите и Универзитетот во Крајова, Романија. Меѓународниот напревар по ...

Read More »

Донација на медицинска опрема од Австрија преку УНДП за Македонија

  Австрискиот амбасадор Георг Вуцас и постојаната претставничка на УНДП Нарине Сахакјан, денеска има средба со министерот за здравство Венко Филипче за тековната состојба со Ковид-19. Во октомври годинава, Република Австрија, преку Австриската Развојна Соработка (ADA) и во партнерство со УНДП, продолжи да ја поддржува Македонија во напорите да се справи со пандемијата со донација на 300 неинвазивни респираторни маски, ...

Read More »