Македонија

Македонија подготвена за историската посета на папата Франциск 

Македонија е подготвена за посетата на папата Франциск. Се утврдуваат последните детали од историската, прва посета на еден поглавар на католичката црква на земјава, а од министерството за надворешни работи велат дека Македонија спремно и безбедно ќе го дочека и испрати високиот гостин и делегацијата од Ватикан. Папата Франциск ќе ја почне посетата со официјална церемонија на аеродромот Скопје изутрината ...

Read More »

Медал за заслуги за Македонија за Акан Сувер и Исмаил Серагелдин и Повелба на Република Македонија за „Македонија 2025“

  Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на 20.03.2019 година со Медал за заслуги за Македонија ги одликуваше професорите Акан Сувер и Исмаил Серагелдин и го додели признанието Повелба на Република Македонија на Организацијата „Македонија 2025″. Д-р Акан Сувер е одликуван со Медал за заслуги за Македонија, за исклучителната посветеност и ангажираност во своето работење и дејствување со што ...

Read More »

Поднесена кандидатурата на Гордана Силјановска Давкова за претседател на Македонија

Денеска во просториите на Државната изборна комисија беше поднесена кандидатурата за претседател на Република Македонија на проф. д-р Гордана Силјановска Давкова. Претходно кандидатури поднесоа Блерим Река и Стево Пендаровски. Со тоа сите тројца официјално станаа кандидати за претседател на Република Македонија Европска кампања ќе водат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на претстојните претседателски избори, најави денеска потпретседателот на партијата Владо Мисајловски, откако ...

Read More »

Македонија: Промоција на биолошката разновидност на Преспа во Ресен

Промоција на биолошката разновидност на Преспа, како да се направи мониторинг и што и како треба да се заштити е целта на проектот „Дивата страна на Преспа“ што денеска беше промовиран во Ресен. Преку промоција на биолошката разновидност, според координаторот на проектот Даниела Заец од Македонското еколошко друштво, сакаат да го привлечат и активираат локалното население и да го вклучат ...

Read More »

Македонија: За претседателските избори во странство ќе може да гласаат вкупно 1.782 граѓани во 32 ДКП-а

На Претседателските избори 2019 година, своето право на глас во странство ќе можат да го остварат вкупно 1.782 граѓани во 32 Дипломатско – конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии на Република Македонија во: Абу Даби, Белград, Берлин, Берн, Бон, Брисел, Будимпешта, Букурешт, Вашингтон, Венеција, Виена, Детроит, Загреб, Истанбул, Камбера, Копенхаген, Лондон, Љубљана, Мелбурн, Минхен, Њујорк, Осло, Отава, Париз, Прага, Приштина, Рим, ...

Read More »

ТАВ Македонија со нови дестинации за Германија Баден – Баден и Бремен

ТАВ Македонија денеска го прослави заминување на првиот лет на Виз ер од Меѓународниот Аеродром Скопје до Баден – Баден, Аеродромот Карлсруе во Германија, одбележувајќи го отворањето на двете нови редовни авиолинии до Баден – Баден и Бремен, како и поставувањето на петтиот воздухоплов на авиокомпанијата во нивната база на Меѓународниот Аеродром Скопје. Првиот лет до Баден – Баден, со Ербас A 321 со вкупен капацитет на ...

Read More »

Македонска полиција во Ќафасан пронајде нови количини дрога

Денеска на Граничен премин „Ќафасан“, од слобода бил лишен и задржан во полициска станица Т.С (19) од Тирана. – иформацијата за Македoнски весник “Илинден” ја потврдуват полициски извори од Граничен премин „Ќафасан“. При преглед во автобус со тетовски регистарски ознаки, на седиштето каде што седел, под неговиот ранец била пронајдена кеса со марихуана. Дрогата била одземена и дадена на вештачење, а по ...

Read More »

Претседателот Иванов со Медал за заслуги за Македонија ги одликуваше македонистите Волф Ошлис, Виктор Фридман и Кристина Крамер

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ги одликуваше со Медал за заслуги за Македонија, истакнатите научни работници, лингвисти и македонисти, Волф Ошлис, Виктор Фридман и Кристина Крамер. Волф Ошлис, професор, автор и преведувач на повеќе дела од врвни македонски автори е одликуван со Медал за заслуги за Македонија, за исклучителен придонес за афирмацијата и за популаризацијата на современиот ...

Read More »

Македонија: Дојран и Кукуш заеднички за Дојранското езеро (ВИДЕО)

  Дојран и Кукуш заеднички ќе се грижат за Дојранското езеро.  Со прекуграничен проект ќе го регулираат нивото на езерото, но и ќе воспостават постојан и одржлив систем за заштита на екосистемот и биодиверзитетот. Една од првите активности на проектот е реконструкција  на испустниот канал од грчка страна за регулација на нивото на езерото. Со oбновата на каналот на кој ...

Read More »