Светскиот Македонски Конгрес (СМК) го осудува бугарскиот рацизам кон Македонците во Бугарија 

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) го поздравува делот од Извештајот на мониторинг комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) во рамки на пост-мониторинг дијалогот со Бугарија, во којшто Бугарија се критикува затоа што Македонците немаат свој претставник во Советот за малцинствата, нема програма за Македонците, не дава државна помош за зачувување и развој на македонската култура и идентитет, не овозможува изучување на македонската историја и Македонскиот јазик во училиштата, и не дозволува регистрација на било која македонска организација, што е во спротивност со Рамковната конвенција за заштита на малцинствата.

СМК ги осудува континуираната дискриминација на Софија кон Македонците во Бугарија и расизмот и наци-фашизмот на Софија за непризнавање на правата на Македонскиот народ во целина.

СМК го осудува говорот со расистичка омраза и нетрпеливост во Бугарија кон Ромите, Евреите, Турците и Македонците, како сериозен проблем во Бугарија, што беше осудено и во последниот извештај на Европската комисија против расизмот и нетрпеливоста за Бугарија

Advertisement