Народната банка на Република Македонија информира дека се пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „година на кучето – богата година на кучето“, „година на кучето – безбедна година на кучето“, „руски лавиринт“ и „50 години од Македонската академија на науките и уметностите“. Цената на кованите пари „година на кучето – богата година на кучето“и „година на кучето ...
Read More »Македонија
Трета конференција на Кина и земјите од Централна и Источна Европа се одржа во Охрид
На отворањето се обрати на претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов. Иницијативата е особено важна за регионалната соработка и за развојот преку трговската размена, инвестиците и инфраструктурата, оценија организаторите на конференцијата. Улогата на човечкиот капитал во рамките на иницијативата за меѓународен економски развој „Еден појас, еден пат“ ќе биде во фокусот на третата меѓународна конференција на Кина и земјите ...
Read More »Се одбележува 1003-годишнина од смртта на Македонскиот цар Самоил
На денешен ден пред 1003 години во Преспа умрел царот Самуил. Во битката кај Беласица на 29 јули 1014 година, што се воделе меѓу војските на Самуил и византискиот цар Василиј Втори, трупите на царот Самуил биле целосно поразени, а тој се спасил со бегство. По битката, византискиот цар Василиј Втори наредил да се ослепат околу 15.000 Самуилови војници, а ...
Read More »Mинистерска средба во Солун
Безбедносната и прекуграничната соработка, енергетското поврзување, се дел од темите за кои разговараат министрите за надворешни работи Димитров, Коѕијас, Бушати и Захариева, на квадрилатералната средба во Солун. Во Солун на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Грција, Македонија, Албанија и Бугарија, полчасовна средба на шефовите на дипломатиите Димитров и Коѕијас . Доколку Македонија и Грција сакаат во иднина ...
Read More »Отворен почесен конзулат на Мароко во Македонија
Во присуство на дипломатскиот кор свечено е отворен почесниот конзулат на Кралството Мароко во Македонија. Македонија и Мароко првпат воспоставија дипломатски односи на 18-ти септември 2002 година. Функцијата на почесен конзул ја извршува Илија Малинковски, назначен на оваа позиција во септември минатата година, кој е истакнат член на заедницата и со својата работа придонесува за културно и економско зближување на ...
Read More »Претседателот на Владата на Република Македонија денеска го прими во посета министерот за надворешни работи на Луксембург
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска го прими во посета министерот за надворешни работи на Големото Војводство на Луксембург, Жан Аселборн, придружуван од неговиот домаќин, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров. Премиерот Заев изрази задоволство што има прилика и на министерот Аселборн да му ги пренесе изразите на благодарност за поддршката на Луксембург на ...
Read More »Дваесет и две години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров
Пред 22 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди во главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован ...
Read More »Еден милион Грци прифаќаат решение на спорот со уставното име на Република Македонија
Секој десети грк или над еден милион граѓани на јужниот сосед немаат никаков проблем со уставното име на Република Македонија како решение на догогодишниот билатерален спор. Во истражување спроведено минатата година во рамки на проект во кој се инволвирани македонски и грчки универзитети, невладини организации, и експерти од повеќе области направено е истражување на јавното мислење поврзано со повеќе прашања. ...
Read More »Реакција на Светскиот Македонски Конгрес по повод информацијата за телефонскиот разговор меѓу Рама и Борисов
Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ја поздравува намерата на Тирана за уредување на положбата и правата на Македонците, Грците, Власите, Ромите, Еѓипќаните, Србите, Црногорците и Бошњаците со Закон за националните малцинства, меѓутоа најостро ги осудува обидите на Софија да изнуди постоење на “бугарско малцинство“ во областите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, каде што живеат Македонците, посебно после телефонскиот разговор ...
Read More »Министрите за надворешни работи на Македонија, Грција, Албанија и Бугарија на средба во Солун
По иницијатива на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас на 4 и 5 октомври во Солун ќе се одржи средба на шефовите на дипломатиите на Грција, Македонија, Албанија и Бугарија, објавија грчките медиуми. Тоа ќе биде втора средба од таков формат во рамки на напорите на грчката дипломатија за зајакнување на регионалната стабилност и трансграничната соработка меѓу соседните земји ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden