Македонија

Грчки аналитичар: 99 проценти од земјите ќе поддржат Македонија да се вика Република Македонија

Останувам на ставот дека Грција треба да го признае уставното име на Република Македонија, вели за весникот „Дневник“ грчкиот новинар и аналитичар Такис Михас, по објавувањето на анализата под наслов „Македонија и Источна Германија“ во која говори за тоа колку се коректни и конзистентни, но и селективни ставовите на грчката надворешна политика. Ако направиме анкета во целиот свет и ако ...

Read More »

ИРИ: На локалните избори 27 отсто би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 16 за СДСМ

  Мнозинството граѓани на Република Македонија на локалните избори најголема поддршка би добила ВМРО-ДПМНЕ, а по неа СДСМ, ДУИ и БЕСА, покажуваат резултатите од анкетата на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) спроведена преку интервјуа лице-во-лице врз репрезентативен примерок од 1.108 граѓани во периодот од 4 до 12 март годинава. На прашањето колку сте расположени да гласате на претстојните локални избори 61 отсто ...

Read More »

Три гасоводи со должина од 200 километри и вредност од 80 милиони евра се градат во Македонија

Процесот на гасификација тече со одлична динамика, онака како што предвидовме. Откако се заврши една гасоводна линија меѓу Куманово и Штип, сега, во моментов, се градат три гасоводи во Македонија: меѓу Штип и Неготино, Неготино – Кавадарци – Прилеп – Битола, Скопје – Тетово – Гостивар, сите во вредност од над 80 милиони евра, а во должина од околу 200 ...

Read More »

Земјотрес со магнитуда 4,2 степени почувствуван во Скопје

  Земјотрес со магнитуда од 4,2 степена според Рихтеровата скала е почувствуван изутрината во 04 часот и 08 минути во Скопје, и околината. Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 4 километри североисточно од Арачиново и 6 километри северно од Марино на длабочина од два километра. Земјотресот предизвика вознемиреност кај скопјани, и се почувствува и во повисоките ...

Read More »

Ватикан со документ за постоењето на Македонците во 17 век

  Според документи што се чуваат во Архивот на Светиот Престол, во Македонија никогаш не живееле Бугари или Срби туку Македонци. Во огромниот фонд на Ватикан има многу интересни и сензационални сведоштва за Македонија и за Македонците, кои покриваат период од 1622 до 1644 година. Имено, Ватикан во 1619 година доделувала стипендии на Македонци! Станува збор за Илирскиот колеџ, Словенски ...

Read More »

ЕУ ќе ги прими балканските земји по Брегзи

­ Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини изјави дека е „сигурна“ оти по заминувањето на Велика Британија од Унијата, „нејзината иднина нема да остане на 27 членки бидејќи ќе имаме нови земји членки“. ­ Мислам на балканските земји со кои преговараме за членство во ЕУ. Повеќето за тој процес зборуваат како процес на „проширување“, но ...

Read More »

Македонската претставничка на Евровизија Јана Бурчевска ќе настапи вечерва

Македонската претставничка на годинашниот избор на песна на Евровизија, Јана Бурчевска вечерва со песната „Dance alone“ ќе настапи на втората полуфинална вечер што ќе се одржи во Киев, Украина. Освен Македонија, на втората полуфинална вечер ќе настапат и Австрија, Србија, Малта, Романија, Холандија, Унгарија, Данска, Ирска, Сан Марино, Хрватска, Норвешка, Швајцарија, Белорусија, Бугарија, Литванија, Естонија и Израел. За пласман во ...

Read More »

Началникот на Генералштабот на АРМ на конференцијата на Началниците на ГШ на балканските земји

  Началникот на Генералштабот генерал потполковник Методија Величковски учествуваше на единаесетта по ред конференција на Началниците на ГШ на балканските земји, која се одржа денес 10.05.2017 година во Атина, Република Грција. Темите на дискусија на конференцијата беа пред се поврзани со севкупната геополитичка стабилност во југоисточна Европа и облиците на меѓусебната воена соработка во справување со безбедносните предизвици во регионот ...

Read More »

Вечерва почнува Евровизија 2017 во Киев

Вечерва во Киев започнува 62-то издание на Песна на Евровизија, а ќе настапат вкупно 42 земји. На првата полуфинална вечер ќе настапат 18 земји: Шведска, Грузија, Австралија, Албанија, Белгија, Црна Гора, Финска, Азербејџан, Португалија, Грција, Полска, Молдавија, Исланд, Чешка, Кипар, Ерменија, Словенија, и Летонија. На втората полуфинална вечер, закажана за 11 мај, ќе настапат: Македонија, Австрија, Србија, Малта, Романија, Холандија, ...

Read More »

Претседателот на Македонија ја одликува Националната установа Македонска опера и балет со Орден за заслуги за Македонија

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ја одликува Националната установа Македонска опера и балет со Орден за заслуги за Македонија. Орденот се доделува по повод 70 години од основањето на Македонската опера и балет, а особено за успешното презентирање и промовирање на македонското и на светското творештво од областа на оперската и на балетската уметност, со што даде исклучителен придонес ...

Read More »