Светскиот Македонски Конгрес бара итно и бесусловно помилување на Едмонд Темелко

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) иако задоцнета, за оправдана ја смета експресната одлука на Кривичниот совет, со којашто мерката на Кривичниот суд продолжување на 30-дневен притвор за Едмонд Темелко, се преиначува во домашен притвор поради нарушена здравствена состојба.

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) повторно го повикува претседателот на Република Македонија во согласност со членот 11 од Законот за помилување, итно и безусловно да го помилува Едмонд Темелко и да го ослободи од натамошно гонење, меѓу другото и поради нарушената здравствена состојба, со што ќе го симне овој срам на Македонската држава врз Македонците во Република Албанија!