Чарлс Симиќ лауреат на Струшките вечери на поезијата

Чарлс Симиќ е роден во 1938-ма година во Белград. Тој е еден од најзначајните современи американски поети, есеисти, критичари и преведувачи. Чарлс Симиќ е годинашниот лауреат на Струшките вечери на поезијата. Оваа година на плеадата врвни автори кои се добитници на „Златниот венец“ на поезијата ќе им се приклучи и еден од најзначајните современи американски поети, есеисти, критичари и преведувачи. Чарлс Симиќ е автор на десеттици исклучителни дела кои се преведени на огромен број јазици меѓу кои е и македонскиот јазик.

Чарлс Симиќ е добитник на бројни реномирани книжевни награди, како што се „Пулицеровата награда“, наградата „Едгар Алан По“, наградата на Американската академија, меѓународната награда „Грифин“ за поезија, наградата „Валас Стивенс“, наградата на Конгресната библиотека во Вашингтон, наградата на српскиот ПЕН центар за превод на српската литература, медал „Роберт Фрост“ за животно дело во доменот на поезијата, награда „Вилчек“ за уметност и хуманистика, како и наградата „Босански стечак“ на меѓународната поетска манифестација „Сараевски денови на поезијата“. „Златниот венец“ на Симиќ ќе му биде врачен на годинашното 56-тото издание на поетскиот фестивал, кој традиционално се одржува на крајот на август во Струга.