Чавушоглу: Саудиска Арабија да соработува во истрагата за новинарот Кашоги 

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека Саудиска Арабија треба да соработува во турската истрага за исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги и да им овозможи на турските претставници да влезат во конзулатот во Истанбул.

„Ние се уште не сме виделе соработка на оваа тема и сакаме да ја видиме“, истакна шефот на турската дипломатија турскиот министер урскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за време на посетата на Лондон. Новинарот Кашоги (59) исчезна на 2 октомври откако влезе во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул. Турските власти тврдат дека тој е убиен во Конзулатот, додека официјален Ријад тврди дека новинарот ја напуштил зградата неповреден.