Червар останува во Металург

 

Лино Червар ќе остане кај Металург до крајот на оваа натпреварувачка сезона, а потоа целосно ќе се посвети на работата со хрватската ракометна репрезентација. Ова е е епилогот од средбата што хрватскиот стручњак ја имал со првиот човек на Металург, Минчо Јорданов, на која било договорено соработката да продолжи според планираното, до крајот на сезонава. Сепак, разговорот минал во позитивна атмосфера, при што било решено токму трофејниот стратег да ги предводи „металурзите“ во плејоф разигрувањето.

 

Advertisement