
Од денеска, 1 јули, Чешка го превзема претседавањето со ЕУ. Европската Унија ќе ја предводат двајца поранешни ректори на Универзитетот Масарик во Брно, чешкиот премиер Петр Фијала и министерот за европски прашања Микулаш Бек.
Главниот фокус на европската агенда до крајот на годината ќе биде решавање на последиците од конфликтот во Украина, мигрантската криза, енергетската безбедност и зајакнувањето на одбраната и економијата на ЕУ. Инаку, ова е второ претседавање на Чешка со Советот на ЕУ, во текот на 18-годишното нејзино членство во Унијата.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden