Честика од партијата „Единствена горанска партија“ по повод Курбан Бајрам

Во име на партијата „Единствена горанска партија“ на сите припадници на Македонско-Горанската заедница на Косово и сите Муслимани им го честитам Курбан Бајрам! Како и секогаш, Бајрам носи радост во нашите домови. Го молиме Алах да даде мир, милост и благосостојба меѓу нас. Сакајќи да ги поминеме деновите на Бајрам со радост и бериќет, во време кога сè уште трае пандемијата на вирусот Ковид-19, наша должност е да продолжиме да бидеме внимателни и да се придржуваме кон потребните препораки за зачувување на здравјето на нашите најблиски. – стои во честитката потпишано од Адем Хоџа претседател на партијата „Единствена горанска партија“.