Во име на партијата Единствена горанска партија на сите припадници на Македонско-Горанската заедница на Косово им го честитам Нова година 2022 година, со желба за многу лични успеси и бериќетна година! Како и секогаш, Нова година носи радост во нашите домови. Сакајќи да ги поминеме деновите на Нова година со радост и бериќет, во време кога сè уште трае пандемијата на вирусот Ковид-19, наша должност е да продолжиме да бидеме внимателни и да се придржуваме кон потребните препораки за зачувување на здравјето на нашите најблиски. – стои во честитката потпишано од Адем Хоџа претседател на партијата Единствена горанска партија.
Advertisement