
Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) упатија честитки по повод големиот муслимански празник Фитер Бајрам. Единствената македонска партија во Албанија, МАЕИ, посакува празничните денови да минат во среќа, радост и добро здравје.
Честит големиот празник Рамазан бајрам. Нека овие денови кај секој човек ги потврдат вредностите на слогата, толеранцијата и духовниот напредок и сите заедно да имаме спокоен и среќен живот. Убедени сме дека пораката на големиот празник уште еднаш ќе потврди дека со заеднички напори можеме да одговориме на предизвиците со кои се соочува современиот свет и сите заедно ќе бидеме добар пример за идните генерации, наведува во честитката МАЕИ.
Во честитките уште се посакува што побрзо да се надминеме злото наречено Ковид-19 и да се продолжи со „взаемното одбележување на празниците на различните верски заедници, кои се столб на градење на соживотот“.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden