
Единствената македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), им го честита 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба на сите Македонци во Албанија, Македонија и ширум светот.
Овој значаен ден не потсетува на 1893 година, кога со формирањето на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) започна организираната борба за ослободување и обединување на Македонија. Тоа беше почеток на една славна страница во историјата на македонскиот народ – страница исполнета со пожртвуваност, идеали за слобода, правда и зачувување на македонскиот идентитет.
Нека оваа светла дата нè потсети и охрабри во нашите денешни напори за зачувување и унапредување на македонската култура, јазик и традиција, како и за јакнење на националната свест и единството меѓу Македонците, каде и да се наоѓаат.
Додека се сеќаваме на сите оние кои го положија својот живот за Македонија, да се обединиме околу истите вредности – слобода, достоинство и солидарност.
Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! Да живее македонскиот народ и неговата вековна борба за слобода и иднина! – стои во честитката потпишана од претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden