
Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо, од името на сите Македонци во Албанија, упати честитка до Поглаварот на МПЦ-ОА, неговото блаженство архипископ Охридски и Македонски г.г. Стефан и до сите православни верници по повод големиот христијански празник Водици. Богојавление е настан што просветлува и не поучува на прочистувањето кога постои вистинската верба,се наведува во честитката и се посочува дека радувајќи се на Исусовото крштевање и осветувајќи ги македонските води да си посакаме подобра иднина, знаење, мудрост и енергија, сила и верба за позитивните исчекори. Да се помолиме и да си посакаме убави празнични денови, а убавите мисли и дела, честа и достоинственоста да не следат и да се постојано со нас и оваа година. Бидете благословени и нека ни е честит големиот христијански празник,Ваше Блаженство. Бог се јави – навистина се јави -стои во честитката. Во духот на македонските обичаи и традиции празникот Водици се слави насекаде во Албанија каде што живеат Македонци, Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник и во поголемите градови низ Албанија. Крстот украсен со босилок во Голо Брдо се фрла во реките, додека во Мала Преспа традиционално сите села фрлаат крст во Преспанското Езеро.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden