Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана за почеток на новата учебна година

Со голема радост и гордост ви ја честитаме првата ваша школска година! Денес започнува едно ново и возбудливо патување исполнето со знаење, другарство и нови искуства.

Нека ви бидат весели деновите во училиштето, нека ве води љубопитноста, а учителите и родителите нека ви бидат поддршка на секој чекор.

Среќен почеток на учебната година!

Вие сте нашата иднина и нашата гордост!

Со почит,

Македонско друштво Илинден“Тирана