Честитка од Македонскот друштво “Илинден“-Тирана по повод големиот христијански празник Водици

Македонското друштво “Илинден“-Тирана од името на сите Македонци во Република Албанија, упати честитка до Поглаварот на МПЦ-ОА, неговото блаженство архипископ Охридски и Македонски г.г. Стефан и до сите православни верници по повод големиот христијански празник Водици.

Богојавление е настан што просветлува и не поучува на прочистувањето кога постои вистинската верба,се наведува во честитката и се посочува дека радувајќи се на Исусовото крштевање и осветувајќи ги водите да си посакаме подобра иднина, знаење, мудрост и енергија, сила и верба за позитивни исчекори.

Да се помолиме и да си посакаме убави празнични денови, а убавите мисли и дела, честа и достоинственоста да не следат и да се постојано со нас и оваа година. Бидете благословени и нека ни е честит големиот христијански празник, Ваше Блаженство. Бог се јави – навистина се јави – стои во честитката.

Advertisement