Честитка од Македонското друштво “Илинден“-Тирана по повод 11 Октомври – Денот на Востанието на македонскот народ против фашистичкиот окупатор

Со голема почит кон загинатите борци, народни херои и дејци и на сите што ги дале своите животи во НОБ и Револуцијата, сите кои се втемелија во државноста и она што се нарекува независна и суверена Македонија, давајќи го најдрагото, својот живот, во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Ви го честитаме 11 Октомври – Денот на Востанието на македонскот народ против фашистичкиот окупатор. Да го почитуваме и славиме овој голем ден, стои во честитката. 

Денеска, како што е наведено во честитката, да се потсетиме и да им оддадеме достојна почит на оние кои се бореа за слободата, потврдувајќи ја нивната пожртвуваност и патриотизам. 

До сите Македонци каде и да се на земјината топка порачуваме да ја сакаме и почитуваме како светост нашата татковина Македонија, порачува Македонското друштво “Илинден“, во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај.

Advertisement